Ознака: кои

sime ilieski

Децата се радуваат на новите катчиња за игра кои никнуваат низ градов

Post Views: 2 Никнува уште едно детско игралиште во градов. Тоа ќе биде лоцирано позади спортската сала на охридската Гимназија. Од Локалната велат дека и ова игралиште е едно од оние кои градоначалникот ги вети. Тоа се прави со општински пари, а реквизитите воопшто не се евтини, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиески. Сумата зависи од просторот кој се   уредува. Досега низ градов направени се 15 вакви игралишта. Ваквата акција е за поздравување велат граѓаните, но оние од стариот дел на градот реагираат. Тие сметаат дека нивните деца како да се подзаборавени бидејќи во овој...

Continue reading

sednica

Градските избраници фокусирани само на три точки

Post Views: 1 Советниците  денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули.  Од дваесеттината точки кои ги имаа на денешниот дневен ред тие подетално се осврнаа само на три. Советниците од опозиционата Вмро Дпмне  најмногу беа заинтересирани за Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. Поставуваа прашања кога ќе се тампонираат и доасфалтираат улиците, кога ќе се изградат тротоарите, кога ќе се поставува вертикална и хоризонтална сообраќајна сигназлиација, со чии пари ќе се изгради напукнатиот потпорен ѕид на  црквата Св. Елена...

Continue reading

parkinzi Partizanska

На Партизанска и понатаму ќе се наплаќа за паркирање

Post Views: 4 Обидот на ВМРО ДПМНЕ, преку советничката Јованка Дамоска Секулоска да им олесни на охриѓани и гостите не помина кај градските избраници. Имено по долга расправа и по низа навреди упатени и од опозицијата и од позицијата во советот, сепак, на крај пет советници гласаа ЗА, осум против и еден остана воздржан, со што предлог одлуката за измени на одлуката за организирање на режим на сообраќај, односно иницијативата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска, за укинување на наплатата за паркинг на улицата „Партизанска“, не се усвои.„Главната цел за нашиот...

Continue reading

stanovi

Охриѓани се поретко купуваат големи станови

Post Views: 12 Состојбата на пазaрот со недвижности во Охрид е загрижувачка. Драстично опаѓа продажбата на станови и куќи. Продажбата на недвижнсти  споредена со изминатите години е доста полоша, кажуваат агентите на недвижнсоти. Александар Трајковски од агенцијата за недвижности  „Енхелеја“ наведува повеќе причини за таквата состојба, но акцентот го става, сепак, на две кои се рефлектираат во  нивната дејност.   „ Куповната моќ на  граѓаните е осетно намаленa. Taргет групите кои можe да купат стан во Охрид се македонци кои живета во странство, печалбари или луѓе кои живеат во Скопје...

Continue reading

zakletva

Историјата во Плаќе се повтори

Post Views: 18 Во Плаќе охридско, одбележан големиот Илинден. По повод востанието на Рашанец во 1903 како и останатите настани поврзани со овој датум, мештаните на Плаќе и годинава со пригодна свеченост го одбележаа 2 ри август, потсетувајќи на денот кога нашиот народ се крена на востание против 5 вековното турско ропство. Претседателот на М.З. Плаќе, Славко Симоноски раскажа за подвигот на Плаќанската чета која во далечната 1903 на 31 август била нападната од турскиот аскер. „Во борбите на 31 август 1903 год Палќанската чета бележи загуба на Васил Домазетов кој во тој налет загинал...

Continue reading

2 cellos

„2 Cellos“ вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 1 Долго очекуваното дуо виолончела – Лука Сулиќ и Стјепан Хаузер од Хрватска, вечерва на програмата на „Охридско лето“. Овие поранешни ривали, врвни класични уметници кои на своите инструменти виолончелата, нижеа огромни успеси, светската слава ја стекнаа со нивната виртуозна изведба на композицијата „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон, која поставена на музичкиот интернет портал „Ју-тјуб“ за неколку дена стана светска сензација. Тие во Охрид пристигнаа без некои посебни барања. Лука Сулиќ за нивниот прв настап во Македонија како дуо, најави вистинско музичко доживување. „Ние...

Continue reading

socijala_Nikolco_Krstamoski

Маките на Николчо Крстаноски и неговото семејство

Post Views: 6 Кои се приоритетите и потребите на луѓето? Доколку на некого сон му е да купи автомобил или да оди на одмор, други сонуваат да купат леб и да имаат сопствен кров над глава. 48 годишниот Николчо Крстеноски живее од денеска за утре и мака мачи да обезбеди корка леб за своите две деца. Веќе пет години откако неговата сопруга го оставила поради друг со децата и нговата мајка живее во трошна куќа во Велгошти. Не е способен да работи, а преживува благодарение на хуманите луѓе и Црвениот Крст, кои одвреме навреме му донираат основни прехрамбени намирници и гардероба. „Работа...

Continue reading

majstor

Градскиот пазар добива лифтинг

Post Views: 2 Се разубавува градскиот пазар. Живка Ангелоска директорката на ЈП „Градски пазар“ вели дека ова е обид во рамките на нивната финансиска моќ, да санираат одредени површини од овој објект. Инаку неговиот запуштен изглед со годни беше тема на неброени прес конференции. „Сепак сметам дека премногу се користи таа кровна конструкција како некој изговор, но јас лично сметам дека пазарот треба да си ја задржи својата автентичност во смисла дека и во најголемите светски метрополи има отворени пазари“ вели директорката. Но оваа активност, е само дел од активностите кои јавното...

Continue reading

revija

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Post Views: 0 Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана Савеска,...

Continue reading

parola

„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид

Post Views: 5 „Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно. „Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни...

Continue reading

sporna kuka

Да се заштити базилика

Post Views: 4 Семејството Филеви и дел од нивното соседство се борат за спас на ранохристијанската базилика и видиковецот на ул Климентов Универзитет, во чија што непосредна близина никнува објект. Павел Филев вели дека во име на градот, со цел да се сочува еден вреден културен експонат, цели 5 години тропа по вратите на институциите. Додава дека ги алармирал сите релевантни фактори во државава кои се надлежни за една ваква состојба, вклучувајќи го и директорот на републички инспекциски служби а со допис се обратил и до премиерот на РМ. Филев категоричен дека никогаш не очекувале...

Continue reading

sdsm

„Работно лето“, во Охрид

Post Views: 1   Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.Според него, Петрески е најдокажаниот градоначалник кој во невозможно тешки услови  ја презел власта и успеал покрај сите притисоци и опструкции од централната власт, да покаже дека доколку сака, и ако се знае се може, па така за Охрид досега направил многу дури и работи кои не се под негова капа. „Јас сум убеден дека и Аце и охриѓани во наредниве четири години ќе имаат можност прв пат да видат како и новата Централна власт ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top