На Партизанска и понатаму ќе се наплаќа за паркирање

За паркирање на улица Партизанска и понатаму ќе се наплаќа по 50 денари од час.

 |  Маленкова Татјана  | 
parkinzi Partizanska
паркинзи Партизанска

Обидот на ВМРО ДПМНЕ, преку советничката Јованка Дамоска Секулоска да им олесни на охриѓани и гостите не помина кај градските избраници. Имено по долга расправа и по низа навреди упатени и од опозицијата и од позицијата во советот, сепак, на крај пет советници гласаа ЗА, осум против и еден остана воздржан, со што предлог одлуката за измени на одлуката parkinziза организирање на режим на сообраќај, односно иницијативата на советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска, за укинување на наплатата за паркинг на улицата „Партизанска“, не се усвои.
„Главната цел за нашиот предлог беше да се задоволат интересите на граѓаните и на јавните институции кои гравитираат на улицата Партизанска поради непречено паркирање на возилата,  како на граѓаните кои се движат на тој дел, така и на туристите“, истакна советничката од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамеска Секулоска. Таа не пропушти уште еднаш да потенцира дека Локалната самоуправа не можејќи да го реши долгогодишниот проблем  поради немањето на катна гаража повторно направи хаос во  паркирањето,  узирпирајќи го паркинг просторот пред зградите и пред јавните институции, со што наместо да го реши, уште повеќе го продлабочи хаосот со паркинзите во Градов, потенцира Секуловска.

„Незадоволни сме затоа што мнозинството предводено од мнозинството во советот предводено од СДСМ 8 години не научи што е тоа јавен интерес на граѓаните. Секој обид ние како советничка група од ВМРО ДПМНЕ да поднесеме било каква измена наоѓа на неприфаќање од страна на советничкото мнозинство и се потврдува фактот дека поважни се интересите на одредени групи и поединци во градот отколку интересите на граѓаните, вели советничката на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамеска Секулоска.

Советничката група на СДСМ пак, заедно со коалиционото мнозинство и по образложението на Дамоска  Секуловска сепак   гласаше против оваа предлог одлука. Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев вели дека не една, туку нивната советничка група имала неколку причини поради кои не ја прифатиле предлог одлуката. Првата и најважна причина според Тунтев е принципот.

„Сметаме дека точки на дневен ред не треба да се решаваат на пресс конференции или со партиски parkinzi Partizanskaсоопштенија кои се секакво морално, етичко достоинство и под секакво дно на меѓусебна комуникација. Втората причин е дека токму од тие причини дојдовме до заклучок дека барањето нема врска со никакви интереси туку се работи само за сопствени партиски ситни интереси, затоа што ние како мнозинство прифативме точката да биде на дневен ред и прифативме да се дискутира за точката, а штом прифативме бевме подготвени да ги чуеме фактите, а ние слушнавме само едно соопштение од колешката во кое не извреѓа сите и не направи криминалци“, вели координатор на советничка група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев додава дека како советничка група се свесни дека режимот на сообраќај годинава е промашен од субјективни и објективни фактори, меѓутоа според него, тоа што го донесол советот како одлука, досега се е поставено врз законска основа, почитувајќи ги сите законски прописи.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top