Post Views: 5
Сојузот на борци од Охрид и Дебрца беше дел од 34-те општински организации кои учествуваа на денешниот протест во Скопје. Протестот започна во 11 часот во најдобар ред на плоштадот Македонија и заврши по еден час, информира Гоце Георгиески претседател на сојузот на борци на Охрид и Дебрца. Во маршот учествуваа околку 10.000 преживеани борци, продолжувачи на нивното дело и слободољубиви граѓани од сите верски конфесии, партии и националност, кажува Георгиески. Во протесниот марш застанаа граѓаните кои ги почитуваат традициите и придобивките од државотворната Народноослободителна...
Post Views: 4
Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС.
Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...
Post Views: 0
Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на...
Post Views: 3
Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација.
Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...
Post Views: 7
Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник.
Груевски во своето обраќање присутните...
Post Views: 4
ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски. „Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги вреднуваат.Пешевски...
Post Views: 1
Невработените лица почнаа да се соочуваат со новата поделба на активни и пасивни. Сите оние кои од декември навака го посетиле Центарот за вработување со цел да се пријават, веќе добија пријави за запишување во регистарот во кои треба да се изјаснат во која група припаѓаат. Невработените на пасивната листа ќе се пријавуваат само за да имаат статус на невработени заради добивање на потврда дека се во евиденцијата на Центарот за вработување.Нема да имаат некои посебни обврски освен обврската на секои 6 месеци да се пријавуваат во подрачниот Центар за вработување.
Но доколу...
Post Views: 11
„Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани.
Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.
„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се работи...
Post Views: 6
Книгата претставува избор на стихови од страна на авторот од целокупното лично творештво. Поезијата е пишувана на македонски и англиски јазик.
„Јас творам од својата шеста, седма година, а досега не сум имала можност ништо да издадам, па поради тоа сепак благодарност до оние кои ми излегоа во пресрет како издавач националната установа библиотеката Григор Прчичев, спонзорот Супер радио , печатницата Летра и промоторите односно лекторите Тоде Илиевски и Лилјана Мартинова. Моето творештво е обемно опфаќа поезија и проза. Буквално се пронаоѓам во сите литературно жанрови...
Post Views: 4
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот...
Post Views: 0
Младите претприемачи се иднината на балканскиот бизнис. Токму тоа е причината за одржувањето на една од серијата работилници на тема „Корпоративен идентите“ кои се дел од проектот за Економска соработка помеѓу Рајнската област-Фалц и земјите од југоисточна Европа. Млади претприемачи, но и претприемачи кои долго време се занимаваат со бизнис, добија сознанија за тоа како функционира претприемништвото во Европа.
„Јас сум повеќе насочена кон стручниот дел на работата. Овој дел, маркетиншкиот дел ми е послаба страна и затоа сум дел од оваа работилница, да добијам малку повеќе...
Post Views: 10
Корен од дрво затна шахта на колекторскиот систем во Горица, во близина на дискотеката Парк. Непријатната реа ја забележале рекреативци, а екипите на МЈП „Проаква“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот. Зачепувањето на шахтата овој пат се случило по природен пат, но од ЈП Прокава нагласуваат дека повеќе главоболка им нанесува детектирањето на дивите приклучоци во колекторскиот систем. Пред неколку дена во Лагадин откриле див приклучок на несовесен граѓанин кој нелегално канализацијата ја приклучил на колекторскиот систем, напоменува директорот на „Проаква“,...