Ознака: кои

Marsh na milion maski

„Марш на милиони маски“

Post Views: 4 Демонстранти во повеќе стотици граѓани ширум светот излегоа синоќа на улиците на „Марш на милион маски“, насочен против корпоративната алчност и репресијата на власта. Маршеви се одржани од Сао Паоло до Мелбурн, а меѓу 450-те градови во кои се маршираше се Лондон, Ванкувер, Њујорк, Белград, Токио, Прага, Париз, Даблин, Тел Авив. Демонстрантите носеа маски со главното обележје на „хакерското“ движење „Анонимуси“ и движењето „Окупирај“. „Запомнете кои ви се непријатели: милијардерите кои се сопственици на банки и корпорации, кои ги плаќаат на корумпираните политичари,...

Continue reading

novinari

Ризикот да се биде новинар

Post Views: 2 Двајца француски новинари кои во саботата ги грабнаа вооружени лица во северниот малиски град Кидал, подоцна се убиени, соопшти француското министерство за надворешни работи. „Клод Верлон и Гислен Дупон, новинари на RFI, се пронајдени мртви во Мали. Нив ги грабнаа вооружени лица во Кидал”, се наведува во соопштението на француската дипломатија коешто го цитира Reuters. Локалниот префект, извори од туарешката сепаратистичка рупа MNLA и малиските безбедносни служби изјавиле претходно за агенцијата дека двајцата репортери на Radio France International биле грабнати...

Continue reading

bogatstvo

Дел од украденото нацистичкото богатство на виделина

Post Views: 1 Над илјада и петстотини уметнички дела кои нацистите ги украле во триесеттите и четириесеттите години од минатиот век наводно биле пронајдени во Минхен, пишува германски Фокус. Станува збор за некои од најдобрите светски уметници како Матис, Пикасо и Шагал, а нивната вредност се проценува на неверојатни милијарда евра. Уметничките дела биле организирано украдени или присилно откупени за мали пари од Евреи кои се занимавале со колекционерство.Откритието било направено случајно, и тоа кога на почетокот на 2011 година била спроведена истрага за Корнелиус Гурлит, син на...

Continue reading

referendum

Нема референдум за каталонците

Post Views: 0 Долниот дом на шпанското собрание ја усвои резолуцијата во која се укинува правото на Каталонија да одржи референдум за суверенитет на таа автономна област. Резолуцијата ја предложила партијата Сојуз на прогресот и демократијата. Во резолуцијата се наведува дека „дел од граѓаните не можат под било каков изговор да решаваат за прашања од територијалната целовитост на земјата“, како и дека „властите немаат право да ги лишат граѓаните кои живеат на одредена територија од слободата која им ја гарантира Уставот на Шпанија“. {loadposition content9}

Continue reading

Откриени струшки диви превoзници кои превезуваат патници во соседна Албанија

Post Views: 12 Охридските инспектори по сообраќај при контроли на такси превзониците на охридскиот аеродром откриле голем број струшки нелегални такси превозници. Таксистите од соседниот град биле затекнати како превезуваат патници без соодветна лиценца за такси дејност, информира Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид. „Во однос на контролите кои се правени на аеродромот во Охрид, а за кој имаме надлежност во договор со општина Дебрца, забележливо е дека такси превозниците од Охрид имаат многу мал број на прекршоци, за разлика од такси превозниците од Струга кои превезуваат патници...

Continue reading

Обвинтелството во Охрид оформи предмет во врска списоците на лица заболени од Ковид-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи

Post Views: 5 Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи. По допрен глас СВР Охрид испрати известување до Основното јавно обвинителство во Охрид, за да се истражи кој јавно на социјалните мрежи поставува списоци или делови од списоци со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Со месеци месеци веќе на социјалните мрежи се споделуваат личните податоци на заболените лица од Ковид-19 , па списоците кружат...

Continue reading

Избрани се четири локации на кои ќе се градат подземени контејнери

Post Views: 0 На 4 локации во градот ќе се поставуваат подземни контејнери. Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ започнуваат пилот проект со поставување на подземни контејнери на локации кај Горна Порта, пред ПТТ на Кеј , на раскрсницата помеѓу Даме Груев и Туристичка и на пресекот од улицата Јане Сандански на влезот од улицата Славеј планина. Локациите се внимателно разгледувани и избрани, онаму каде што имаме проблеми со одлагањето на отпадот од страна на граѓаните, информира Љупчо Грданоски, директор на ЈП „Охридски Комуналец“. „Овие подземни контејнери кои ги набавува...

Continue reading

bela vdovica

Лов на „Белата вдовица“

Post Views: 5 Интерпол издал налог за апсење на Британката Саманта Лутвајт позната како Белата Вдовица. Кениската власт се сомнева дека таа ја предводела терористичката група Ал Шабаб, која е одговорна за масакрот во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби. Белата Вдовица е на т.н црвена потерница, со која се бара личност на интернационално ниво. Барањето за потерницата е издадено на барање на Кенија. Во овој терористички чин на милитантните исламисти се убиени најмалку 67 лица, а околу 200 се ранети. Бројот на жртвите може да расте, бидејќи при акцијата еден дел од трговскиот центар...

Continue reading

Фудбалската правда е задоволена

Post Views: 1 Фудбалерите на Зенит, Порто, Марибор, Апоел и Бате Борисов изборија пласман во фудбалската Лига на шампиони. Најголемото изненадување на вечерта го приредија фудбалерите на Марибор кои во Глазгов победија со 1-0 и по 1-1 во првиот натпревар изборија вкупна победа и пласман во Лигата на шампиони. Со тоа е задоволена фудбалската неправда со која административно беше елиминирана Легија од Варшава од истиот анемичен Селтик, иако Легија на терен го потопи со вкупен резултат од 6-1. Голот на одлука го постигна Бразилецот Таварес во 75 минута и така Марибор по втор пат во историјата...

Continue reading

Депонирани абразивни средства со кои ќе се делува во зимски услови

Post Views: 0 Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла. Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да...

Continue reading

Донесени решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

Post Views: 2 Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19. Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот...

Continue reading

policija

Повторно пукотници во САД

Post Views: 3 Дванаесет луѓе меѓу кои и едно тригодишно дете се тешко повредени во пукотници кои се случиле синоќа во Чикаго. Дванаесет луѓе меѓу кои и едно тригодишно дете се тешко повредени во пукотници кои се случиле синоќа во Чикаго. По пукотницата, тројца од повредените и детето биле итно пренесени во болница во доста критична состојба. На терен излегле околу 60 полицајци и 10 возила на итната помош на едно од кошаркарските игралишта во Чикаго каде се случила престрелката. Се трага по напаѓачите, а мотивот за нападот се уште не е познат. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top