Post Views: 3
Кај луѓето кои јадат храна од конзерви, урината содржи 1.200 пати поголеми количина на хемикалијата бисфенол А (БПА).
Истражувањето го направиле американските научници од универзитетот „Харвард“, сакајќи да го истакнат влијанието на конзервираната храна на човечкиот организам. Подолго време е познато дека пиењето пијалаци кои се чуваат во одредени видови пластика можат да го зголемат нивото на БПА во телото. Конзервираната храна би можела да биде и поголема опасност, особено кога се има в предвид раширеноста на нејзината употреба.
Хемикалијата бисфенол А го нарушува...
Post Views: 1
Во рок од 24 часа пред денот на одржување на изборите забрането е водење политичка кампања во која било форма. Предизборниот молк трае се’ до завршувањето на гласањето или затварањето на гласачките места.
Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.
Гласањето ќе почне во недела во седум часот а право да гласаат имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да гласаат се до 19 часот.
За прв пат...
Post Views: 11
И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“. Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор,...
Post Views: 19
Во кои приватни здравствени установи кои прават биохемиски анализи, охриѓани може да ја испитаат функцијата на тироидната жлезда по фондовски цени?
Во вчерашниот прилог за недостаток на реагенси за испитување на тироксинот во Општата болница од Охрид, од подрачното одделение на Фондот за здравствено осигурување, изјавија дека покрај Општа болница и Здравствен дом и четирите приватни здравствени установи „Дарон“, „Кардиолаб Маџаров“, „Сонце“ и „Биохем дијагностик“ имаат договор со фондот за испитување на функцијата на тироидната жлезда со упат од матичен лекар.
Револтирани...
Post Views: 5
Средношколците од ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ќе добијат помош во бирањето на нивната професионална определба. Ова, нивното средно училиште ќе им го овозможи преку проектот за креирање на кариерен центар кој ќе функционира во рамките на училиштето. Директорот на оваа образовна институција, Јане Цаноски вели дека формиран е тимот кој ќе работи со децата во кариерниот центар, а во моментот ја подготвуваат просторијата во која ќе се работи.
Цаноски додава дека веќе започнале и со опремување на истата, донесени се масички, столчиња за десет работни места, ормарчиња, а доставена...
Post Views: 4
Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица....
Post Views: 8
Заради спречување на евентуално пренесување на болеста туларемија, од која кај нас се регистрирани 3 заболени случаи, а во соседно Косово е прогласена епидемија, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на домашни животни и миленици (особено на зајаци, глувци и други глодари), кај надлежниот ветеринар задолжително да ги пријават животните кои покажуваат невообичаени симптоми на треска, слабеење, оток на жлездите, рани на кожата и други симптоми. Станува збор за болест опасна за луѓето, чии носители се стаорците (глодари), зајаци и но и други диви и...
Post Views: 5
За само месец и половина од почетокот на годинава на територија на општина Охрид опожарени се и уништени 6 пластични контењери. Најновиот случај на комплетно уништување на ваков контењер беше регистриран утрово на ул Пере Тошев во близина на детската градинка Росица. До опожарување на контењерите доаѓа поради депонирање во нив на пепел со недогорени остатоци од страна на несовесни граѓани. Од Охридската противпожарна единица информираат дека изминатата година бележат 33 случаи на опожарени контењери. Тоа претставува проблем не само за ЈП Охридски Комуналец кое трпи...
Post Views: 74
Психологијата на човечкиот ум, секогаш нè тера да го одбираме продуктот кој има најинтересна и најкреативна амбалажа. Па така, попрво би одбрале некој полош продукт бидејќи има интересна амбалажа, отколку лошо спакуван, со многу подобар квалитет.
Ова се примери за оригинално замислени амбалажи на продукти, кои сигурно успеале да им донесат многу добар профит на компаниите.Шпагети „Њујорк“Оригинална идеја на дизајнерот Алекс Кремер, кој со помош на шпагетите претставува еден од најпрепознатливите облакодери во светот „Емпаер Стејт Билдинг“.Мед на познатиот производител...
Post Views: 2
Пациенти повеќе од три месеци не можат во болничката лабараторија да го проверат хормонот тироксин. Се жалат дека во лабараторијата нема реагенс за проверка на функцијата на тироидната жлезда. Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов потврдува дека во нивната лабараторија нема ваков реагенс. Образложи дека проблемот настанал кога Фондот за здрвствено осигурување им го проширил пакетот на услуги на приватните ординации и лабаратории. Тоа им го зголемил приливот на пациенти во нивната лабараторија, а количините не им биле планирани за таа година.
„ За конкретната...
Post Views: 7
Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци.
„Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти ...
Post Views: 2
И денес во ОУ „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Р. Македонија.
„Вчерашниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше превземена од општинскиот Црвен Крст“, велат од училиштето.
„Се надеваме дека ќе со нашиот скромен допринос барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој“ додаваат оттаму.
{loadposition...