Ознака: кои

zastita kulturno nasledstvo

Охрид ќе се нуди во пакет на туристи од прекуокенските земји

Post Views: 3 Охрид како туристичка дестинација ќе се нуди во пакет зедно со дестинации од  Албанија и Грција. Преку овој модел  намерата на туристичките работници е да донесат повеќе туристи.  Со ваквото вмрежување  туристичките агенции од регионот ќе го  следат примерот на туристичка  аранжмани кои што го практикуваат западноевропските земји. Оваа нова можност е привлечна пред се  за прекуокенските туристи, вели Лела Крстевска од Стопанската комора  за туризам на РМ. „ Се работи за т.н туризам експерт груп со посредство на ОЕЦД и Европската унија т.е умрежување на земјите  од регионот ...

Continue reading

Намирници кои не заслужуваат да бидат на црната листа

Post Views: 1 Многу пати сме чуле дека храната како што е сирењето, смрзнатиот зеленчук и црвеното месо не е здрава, но тие намирници неправедно ги следи лошата репутација бидејќи содржат хранливи материи кои можат да придонесат во чувањето на здравјето. Сирење – Конзумирањето на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, помага во намалување на нивото на шеќер и крвниот притисок. Кај луѓето кои секојдневно конзумираат полномасни млечни производи, исто така постои помал ризик од развивање на дијабетис тип два. Од друга страна, млечните производи со помала масленост немаат никакво...

Continue reading

Работи кои можеби не сте ги знаеле за дезодорансите

Post Views: 7 Борбата со непријатниот мирис на пот трае уште од стариот Египет – Ублажувањето на мирисот под пазувите било потфат со кои се соочувале и старите Египќани, така што тие правеле миризлива вода конкретно наменета за ублажување на мирисот на пот. Првиот дезодоранс во продажба е пуштен во 1888 година и го носел името “Mum”, и се продавал како крема во тегличка и се нанесувал на прстите. Петнаесет години подоцна се појавил и првиот антиперспирант наречен “Everdry”. Дезодорансот убива бактерии – Интересно е тоа дека потта е без мирис, а непријатен мирис се ствара поради бактериите...

Continue reading

akademija Crven krst

Со свечена академија, Црвениот крст-Охрид го заокружи одбележувањето на својот јубилеј

Post Views: 1 70 години хумана мисија, волонтеризам. Црвениот крст од Охрид со свечена академија, како јагода на шлагот го заокружи својот јубилеј за почит. Поддржувачи, волонтери поранешни и сегашни, пријатели и партнери на најхуманата организација во светот во еден здив ги проследија интересните уметнички перформанси, но и одличниот документарен филм за историјатот на охридскиот Црвен крст. „Голема е гордоста и честа секако да се биде лидер на оваа организација која што слави ваков јубилеј и која што има еден огромен број на волонтери и активисти, професионалци, луѓе кои навистина...

Continue reading

На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза

Post Views: 1  На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза. ТВМ Телевизија веќе информираше за ова заболување, на штитната жлезда,  од кое во  2014 година достигна број од 1537 заболени,  а само пред 10 години во 2005 година таа бројка била 67 пациенти со дијагностицирана тиреотоксикоза. Најмногу заболени се жени на возраст од 45 до 54 годиша возраст. Д-р Атанаско Михаилов дир на Центар за јавно здравје информира дека ќе ги алармираат надлежните  со податоците за ова заболување. „Секако по било која индикација за зголемениот број ќе...

Continue reading

logo

Јавен службеник од „Градски гробишта“ заработи кривична

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ проневера во службата“„фалсификување на службена исправа“„злоупотреба на службена положба и овластување“ и „комјутерска измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид. Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице-јавен службеник задолжен за доделување и наплата на гробни места во ЈП„Градски гробишта“Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на...

Continue reading

crven krst

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Post Views: 26   Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели...

Continue reading

osvetluvanje

Модернизација на системот за осветлување во Охрид

Post Views: 6 Чешката компанија ИЦС системи од Карлови Вари ќе го модернизира јавното осветлување во Охрид. Постапката за избор на партнер за осовременување на уличното осветлување била долга како што нагласи Димитар Спасески секретарот на општина Охрид, бидејќи била водена по моделот на Јавно приватно партнерство.  Согласно физибилити студијата, Спасески кажа дека приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување и конкретно појасна што ќе биде заменето. „Замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски...

Continue reading

svekrva

Научно докажано, свекрвите штетни по здравјето

Post Views: 9 Иако многу жени добиваат напади на нервоза при самата помисла на својата свекрва, сега и научно е потврдено дека живеењето во заедница со неа може сериозно да го оштети женското здравје. Научниците спровеле истражување кои покажало дека жените кои живеат со свекрвите се дури пет пати повеќе склони да заболат од сериозни срцеви болести во споредба со жените кои не живееат под ист кров со мајката на својот сопруг. До заболување од срцеви боести доаѓа поради големиот стрес кој е резултат на паралелното играње улога на ќерка, сопруга и партнер. Меѓу другото, константното...

Continue reading

sini kartoni

Невработените ќе плаќаат за сини картони

Post Views: 6 Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив. Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Изјавите ќе се пополнуваат во наредните два месеци. Социјална...

Continue reading

блато

Советниците потонаа во Студенчишкото блато

Post Views: 4 Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен. Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа...

Continue reading

dupki asfalt

Не издржаа бекатон плочките со кои локалната ги крпеше ударните дупки низ градов

Post Views: 2 Ударните дупки низ охридските улици повторно се отворија. Не издржаа бекатон плочките со кои службите од локалната пред нецел месец ги санираа дупките. Дополнително, во нивна непосредна близина се отворија и нови. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици признаваат дека ситуацијата е таква, но велат дека уште во месец јануари тие изготвиле акционен план за трајно решавање на овој проблем и пополнување на дупките со асфалт. Со оглед на тоа дека локалната неодамна веќе започна со асфалтирање на патниот правец Охрид-Велестово, најавуваат дека за скоро време ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top