Post Views: 6
Слика во коментар на социјалните мрежи ни испрати Марјан Ѓузелоски кој реагира на нова база за песок сместена на улицата 15-ти корпус во Охрид. Ова е неговиот коментар :
Нова база за песок, шљунак и камен на ул. 15-ти корпус каде со камионите за транспорт и машините за утовар го оштетуваат и валкаат новиот асфалт на улицата која е пуштена во употреба пред 3 месеци – вели Ѓузелоски за „Ти си твојот град“.
Post Views: 0
Возачи на камиони, автобуси и шлепери се дефицитарни на домашниот пазар на труд. Иако минатата година над 600 кандидати од Охрид се пријавиле да полагаат за возачи од C, D и E категорија недостауваат возачи. Од пријавените кандидати само 76 мина се стекнале со дозвола за управување на овие категории возила, информира Никола Кукоски ,раководител на испитниот центар „Современ возач“.
„Според моите последни сознанија домашните компании едвај се снаоѓаат со кадар за високите категории, најверојатно примањата во странските компании се далеку повисоки “, напоменува Кукоски...
Post Views: 3
Од АМСМ информираат дека од 07:30 часот укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.Намалена видливост поради магла има во Битола и Македонски Брод до 100 метри и Плетвар до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Post Views: 0
Неколку камиони од Македонија во раните утрински часови го блокирале сообраќајот на граничниот премин Бајаково помеѓу Хрватска и Србија, јавува Танјуг и пренесува дека хрватските власти од тој премин ги враќале возилата и патниците со српски пасоши.
Камионите кои превезуваат расиплива роба се паркирале на меѓуграничниот простор помеѓу Батровац и Бајаково незадоволни од повеќедневното чекање и се закануваат дека ќе ја истоварат робата на тој простор, а хрватската полиција се обидува да го реши проблемот.
Известувачот на Танјуг, повикувајќи се на српската гранична полиција,...
Post Views: 4
Не се штеди тартан-подлогата на стадионот Билјанини извори. Дел од оваа подлога на неколку места е оштетена. За настанатите штети, до ЈП „Билјанини извори“ реагираат од АК Охрид. Како што за ТВМ изјави тренерот Влатко Димитров, тие бараат да се води поголема грижа од страна на ЈП за нејзиното одржување.
„Патеката наша е одлична, брза, квалитетна, меѓутоа не се штеди од страна на некои други фактори, пример ако има музички настап не се штеди патеката се влечат огромни звучници и на многу места е оштетена патеката од тие звучници како и од камионитие, многутонски камиони...
Post Views: 16
Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид за време на викендите. Во петоците забраната ќе важи од 17 до 24 часот, а во сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за камионите ќе важи од 1 јули до 31 август годинава.
За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Комуналниот инспекторат во соработка со полицијата, најави дека ќе стави крај на сезонските продавачи на овошје и зеленчук.„ Во споредба со минатите години, нивниот број е значително намален, но сепак ваквата продажба не е во согласност со законот и имаме намера навистина да ставиме крај на оваа појава“, вели комуналниот инспектор Танаскоски.
„Се согласуваме дека овој начин на продажба не е во ред“, велат производителите и тврдиме дека доколку ни се овозможи локација каде регуларно ќе можеме да продаваме, ние тоа без проблем и ќе го сториме“.„ Во речиси сите градови...