Post Views: 1
Доколку некој ви го хакира профилот на Фејсбук или направи ваш лажен профил на оваа социјална мрежа, можете да поведете постапка против сторителот, а тоа можете да го направите со приватна тужба, во согласност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Надлежна институција за утврдување на ИП-адресата во Република Македонија е Министерството за внатрешни работи, односно Единицата за борба против компјутерскиот криминал.Дирекцијата за заштита на личните податоци исто така постапува во случаите кога се бара бришење на злоупотребени профили на социјалните...
Post Views: 8
Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.
Проектотот се одвива во континуитет, четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а реализацијата на планираните активности ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Во периодот од 2011 до 2013 година е извршена заштита од...
Post Views: 4
Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со лош...
Post Views: 0
Февруари е месец кога вирусот на грип зема силен замав. За да го надмудрите и избегнете овој непријател на Вашето здравје, дознајте ги фактите за грипот и следетете ги препораките и советите, порачуваат од Центарот за јавно здравје Охрид.
– Грипот е сериозна болест која започнува наеднаш, со висока температура, главоболка, болки во зглобовите и мускулите, омалаксалост, а потоа со симптоми на дишните органи, кашлање, кивање, болка во грлото, „течење“ од носот. Грипот може да ги искомпликува постоечките болести кај хроничните болни, а можат да се појават компликации и...
Post Views: 2
Мала е веројатноста дека причина за смртта на починатиот Британец на Клиниката за инфективни болести во Скопје била болеста ебола. Најверојатно се работи за компликации настанати по алкохолно труење, велат за МКД.МК извори од клиниката, кои сепак додаваат дека треба да се почека на официјалните резултати од испитувањата во Германија.
Британската амбасада во Скопје на својата интернет – страница се огласи по случајот со британскиот државјанин за кој постои сомнеж дека почнал од ебола.
„Македонските здравствени власти пријавија дека на 9 октомври, лице со симптоми на ебола...
Post Views: 10
НУ Завод и Музеј од Охрид со низа проекти ќе продолжи во заштита на културното наследство. Се подготвуваат проекти со кои ќе аплицира до ресорното министерство. Меѓу бројните проекти акцент е ставен на три значајни проекти. Од нив два објекти се прогласени со Решение за културно добро во опасност, а станува збор за Св. Богородица Челница и Римската бања на Плаошник. Ќе се работи и на започнатиот проект за ревиталзиација на Самоиловата тврдина, информира Елеонора Новаковска, директор на НУ Завод и Музеј.
„ Ќе добиеме средства од Министерството за култура за да го реализираме...
Post Views: 1
Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат деца кои се со пречки во телесниот развој на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица.
Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години...
Post Views: 0
Од денеска до 26 септември за вработените во Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“.
Целта е изменување и дополнување на легислативата за заштита на личните податоци во насока на креирање правен основ за спроведување на он-лајн инспекции. Ваква алатка досега е применета во Финска и Франција, со што се обезбедени услови за спорведување на 200 он-лајн инспекции во 2014 година.
– Експертската мисија треба да понуди и размена на искуства и практични...
Post Views: 25
Струшкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка.
„Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство...
Post Views: 1
Прецизирање на податоците во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, т.н. Регистар на педофили, усогласување на кривичните дела со измените на Кривичниот законик, дополнување на податоците за овие лица кои што треба да бидат внесени, определување на органот надлежен за доставување на податоците како и определување на рокот за доставување имаат за цел измените и дополнувањата на законот за водење на ваквиот регистар кои денеска во прво читање поминаа на собраниската Комисија за труд и...
Post Views: 15
И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита.
Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...
Post Views: 11
Украина попушти пред притисокот од западните групи за заштита на животните и прогласи крај на убивањето кучиња-скитници со цел да се исчистат улиците пред претстојното европско првенство во фудбал.
Украина престана да ги убива кучињата-скитници. Министерот за екологија изјави дека наместо да ги убиваат, ќе градат прифатилишта за незгрижените животни.
80.000 кучиња беа убиени на улиците во Украина минатата година, најчесто со труење или со вбризгување смртоносни инјекции, што ги разгневи локалните и меѓународните групи за заштита на животните. Има информации и за постоење...