Ознака: заштита

Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско

Post Views: 1 За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.  Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион. „Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или други...

Continue reading

Поголема заштита на пречистителната станица во Враништа

Post Views: 4 Пречистителната станица во Враништа речиси еден месец не работеше. Според одговорниот на оваа станица Мухамед Лешко, проблемот бил од техничка природа, односно се случил дефект на пумпата за циркулација на пречистителната станица. Лешко предупредува дека мора да се има поодговорен пристап кон овој систем, кој многу значи за двата града на вода, бидејќи е еден од посовремените, на Балканот. „Се случи дефект на самите редуктори, бидејќи ние немавме резервни редуктори станицата цели три недели остана надвор од употреба. Периодот ако се продолжи повеќе од месец и половина...

Continue reading

Охрид домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита

Post Views: 9 Охрид во петок, на 20-ти септември ќе биде домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита во локални рамки. Истата е во организација на „Здружението на социјални работници на Македонија“ од Скопје и е дел од проектот „Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита“. – Општата цел на проектот е унапредување на социјалната работа во реформираниот систем на социјална заштита со поддршка на локалното концептуализирање на социјалната заштита и социјалните услуги, преку сеопфатно информирање, зајакното...

Continue reading

лого

Нов софтвер за поефикасна здравствена заштита

Post Views: 8 Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности...

Continue reading

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Post Views: 4 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 јануари 2022 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот...

Continue reading

„Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“ – баланс меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина

Post Views: 5 Преку развивање на одржлив менаџмент и изработка и имплемантација на акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните еконмски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно да се развива овој регион со зачувување на природната средина. Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој...

Continue reading

Превентивата е најдобра заштита од појава на пожари

Post Views: 0 Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите. Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор....

Continue reading

zastita kulturno nasledstvo

Природното и културно наследство на регионот на Охридското Езеро ќе се става под интегрирана заштита

Post Views: 3 Попис на сите културни и природни богатства кои ги има регионот на Охридското Езеро и во македонскиот и во албанскиот дел. Вака треба да започне проектот на УНЕСКО за интегрирана заштита на културното и природното наследство во регионот на Охридското Езеро. Овој проект цели кон разрешување и отстранување на сите закани кон природните и културните вредности на овој регион и нивна интегрирана заштита и во Македонија, и во Албанија. „Интегрираната заштита на целокупниот охридски регион значи всушност еден нов квалитет, најмногу во областите на заедничка грижа за квалитетот...

Continue reading

Милошевски: Заштита и промоција на културните особености и цивилизациските вредности на Охрид

Post Views: 2 Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на прес конференција денеска се осврна на заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид, како дел од изборната програма За убав град. Милошевски најави проекти меѓу кои и поставување на типизирани тезги. „ Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации...

Continue reading

imot

Препораки за заштита на населението од поплавените региони

Post Views: 1 Препораките се однесуваат на заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење. -Да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. -За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија. – Резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути. -Водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице. -Заматената вода да не се користи...

Continue reading

crna

АРМ ќе ја „брани“ Пелагонија

Post Views: 5 Голема акција за заштита и враќање во првобитна состојба на коритото на реката Црна во Пелагонија, со која е предвидено поставување 10.000 вреќи со песок ќе почне денеска. Во акцијата ќе се вклучат припадници на АРМ, претставници на јавните претпријатија од регионот и локалното население со единствена цел да се обезбеди заштита од поплавување на општина Новаци.За реализација на акцијата набавени се 10.000 вреќи, договорено е во повеќе населени места во општината Могила да се направат наноси, а ќе се ангажира и соодветна механизација. {loadposition content9}

Continue reading

avion

Понеделник во Струга ќе се прска против комарци

Post Views: 4 Од струшката локална самоуправа информираат дека на 7- ми јули, понеделник, ќе се врши теристичка аеросолна дезинсекција против комарци во периодот од 22 до 6 часот наредниот ден. Дезинсекцијата ќе се врши во специфични, проблематични точки на целата територија на општина Струга. Се известуваат пчеларите да ги преземат мерките за заштита на пчелите во наведениот период. Препаратот што ќе се користи при дезинсекцијата не е штетен за луѓето и животните. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top