• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Милошевски: Заштита и промоција на културните особености и цивилизациските вредности на Охрид

Милошевски: Заштита и промоција на културните особености и цивилизациските вредности на Охрид

Заштита на вредностите кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се дел од изборната програма на кандидатот за градоначалник Митре Милошевски. Со програмата За убав град има концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне на прес конференција денеска се осврна на заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид, како дел од изборната програма За убав град. Милошевски најави проекти меѓу кои и поставување на типизирани тезги.

„ Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации во градот“, кажа Милошевски.

Милошевски, посочи повеќе проекти кој ќе бидат во насока на развојот на културната понуда на градот. Плоштадот кај Долна Порта да биде плоштад на културата, обновување на фасадите со староградска архитектура и илуминација на верските, културните и историските објекти и знаменитости и оплеменување на јавните површини во нивната околина. Улогата на туризмот е важна за градот , а за таа цел е значајно и одржување на туристичка промотивна тура, напомена Милошевски.

„ Присуство на туристички работници и медиуми од таргетирани земји како подобен туристички амбиент на подрачјето . Со 4 дневен престој во Охрид ќе се запознаат со природните и културните богатства и туристичката понуда на градот и туристичкиот сектор од Охрид “, рече Милошевски.

Обележување на културни историски и археолошки локалитети низ градот со легенда. Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од Охрид од минатото како сведоштво за некогашниот изглед. Означување на локациите каде што се напишани староградски песни со кратка легенда и текст на песната, најави Митре Милошевски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top