Tag: заштита

Утврден текстот на предлог законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење. Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност. Во  предлог-законот се предвидува како оператор како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за...

Continue reading

Од денес стапува на сила новиот Закон за заштита на личните податоци

Од денеска стапува во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци. -Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно...

Continue reading

Георгиески на состанок со надлежните за заштита од пожари

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска одржа работна средба со претставници од Центарот за Управување со Кризи, Територијалната противпожарна единица, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Mакедонски шуми“, НП “Галичица“ и Шумска полиција. Целта на средбата беше да се согледа состојбата со пожарите на подрачјето на општина Охрид, а се разгледуваа можностите за превентивно дејствување во насока на избегнување на пожарите кои „беснеат“ на неколку региони во државава. На состанокот се направи целосен преглед на расположливите човечки и материјално...

Continue reading

Гудачки квинтет на Загребска Филхармонија

Изминатата пандемиска година, кога бројни музичари беа спречени да концертираат, група членови на Загрепската филхармонија, запазувајќи ги сите мерки на заштита се собираат и одржуваат проби за да не дозволат да „престане“ музиката. Петте членови на ансамблот кои имаат долгогодишно искуство во камерното музицирање- за прв пат заеднички започнуваат да „комуницираат“ во ваков состав, донесувајќи ѝ на публиката, а и на самите ним малку утеха преку универзалниот јазик на музиката. Иако постојат краток временски период, поради нивните индивидуални музички квалитети кои ги обединуваат во исклучително...

Continue reading

Заев: Работиме на заштита на природното и културното наследство

Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала – рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид. Заев очекувал Охрид да биде ставен на листата загрoзени подрачја. Одлуката ни беше најавена и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа беше дека заштитата од УНЕСКО за Охрид и охридското крајбрежје ќе биде ставена во опасност, но благодарение на сите агрументи кои беа претставени од страна на Општина Охрид, Владата...

Continue reading

ЗНАЕЊЕ, ЗАШТИТА И ВРЕДНУВАЊЕ НА СТАРИТЕ УРБАНИ ЈАДРА ВО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Во овој проект се вклучени 16 градови од трите држави со поддршка на придружни членки: Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Албанија, Заедницата на единиците на локална самоуправа, Асоцијацијата на архитекти на Македонија како и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички, и тоа следните градови : Франција (6): Ремс (Reims), Кале (Calais), Периге (Périgueux), Елбеф (Elbeuf), Ла Реол, (La Réole) и Болие-Ле-Лош (Beaulieu-lès-Loches) Северна Македонија (8): Битола, Охрид, Штип, Велес, Берово, Куманово, Кратово,...

Continue reading

ЗАШТИТА НА ПЧЕЛИТЕ ПОРАДИ ПЛАНИРАНОТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека на ден  19.07.2021 год. (понеделник) ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот. Теренијалното...

Continue reading

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија потпишаа изјава за заштита на регионот

Националните комисии за Унеско на Македонија и Албанија одржаа работен состанок во Охрид. На работната средба учествуваа Министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, воедно и претседателки на Националните Комисии на Унеско. Присутни беа и министрите за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Бленди Клоси, неговиот Албански колега министер за туризам и животна средина. Министерката Стефоска, е оптимист дека сеуште има надеж за спас на Охридскиот регион за да не се стави на листата на загрозени подрачја под Унеско. Стефоска не е задоволна од досегашната...

Continue reading

Топол бран, препораки за заштита од високите температури

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top