Post Views: 1
Охриѓанката Вера Митеска е автор на книгата „ Охридската фамилија Мишеви“ која неодамна излезе од печат. Во книгата се поместени податоци за потеклото на старото охридско семејство Мишеви. Авторката Митеска денес пензионерка, од мали нозе во себе ја негувала идејата спомените за нивното семејството кои ги слушала од баба и Ленка Зимбова, омажена во Мишевци, да ги зачува од заборав за идните генерации.„Мотото ми беше кога почнав да ја пишувам книгата да ги осветлам корените. Без корените нема стебло , гранки , лисја цут, нема плодови. Корените се основа на животот“, вели...
Post Views: 2
Како што отсекогаш не учеле, животот не е онаков каков што се прикажува во филмовите, а ова го потврдува и приказната за Мајкл Фасбендер и Лупита Нионг!
Ѕвездите на оскаровецот “12 години ропство”, кои во текот на филмот имаа неверојатно тешки улоги, зад камерите сепак имале и повеќе од пријателски однос.
Кон крајот на минатата година, Мајкл и Лупита имале кратка, но страсна љубовна романса, за време на филмскиот фестивал во Торонто, пренесуваат пријателите на парот.
Но, по се изгледа дека Мајкл има сериозни намери за триесет и едно годишната Лупита, па одлучен...
Post Views: 5
Не крие дека не сака да се расфрла со пари на скапи и дизајнирани фустани, и не се срами да каже дека била на доделување на Оскари со фустан кој чинел десет долари. Ова го изјавила самата позната актерка Винона Рајдер.
Многу парчиња од нејзината гардероба се од “second hand” продавници или од големите саеми, а актерката тврди дека немало смисол да купуваш некој фустан кој само еднаш во животот ќе го облечеш на себе.
“На гала вечерта која ја организираше Шон Пен го носев истиот фустан кој го носев и на премиерата на еден филм во 2005 година. Апсурдно е да облекувате...
Post Views: 6
Повеќето несреќни луѓе делат неколку заеднички карактеристики. Доколку сакате да го пронајдете својот мир и да уживате во животот, мора да се ослободите од сите овие особини.
Несреќните луѓе:
Ја мразат својата работа
Доколку ја мразите својата работа, не можете да не го мразите и својот живот бидејќи поголемиот дел од времето го трошите на таа работа која ја мразите. Освен тоа, многумина ја носат нервозата од работното место дома. Запрашајте се зошто ја мразите својата работа и што е она што Ви недостасува. Во што е проблемот? Одговорете на прашањата и направете план...
Post Views: 4
Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година.
Својот претседателски мандат го започна на 15 декември 1999 година по завршувањето на мандатот на првиот претседател на РМ, Киро Глигоров.
По тој повод, свое обраќање во Ротимње ќе имаат Претседателот на РМ, Ѓорѓи Иванов како и претседавачот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.
На градските гробишта во Скопје поточно во Алејата на великаните, свежо цвеќе...
Post Views: 2
Здравјето пред профитот. 10 илјади жители на Лабуништа секојдневно голтаат прашина од каменоломите во атарот на ова струшко село. Мештаните стравуваат од последиците по нивното здравје. Велат дека надлежните се оглушиле на нивните барања, молби и апели за изнаоѓање решение за проблемот. „Во Лабуништа имаме страшен проблем со каменоломите. Прво овде никој не е дојден ниту од Министерството за животна средина да види како живее ова село 10 000 жители и имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството да видат како живееме ние во Лабуништа и да се преземат мерки. Ние ќе...
Post Views: 1
Македонија е прва земја во регионот која ги направи овие измени и тоа се со цел да се заштити детето на прво место, и прва земја која ќе почне со хемиска кастрација на педофилите.
Според измените за кривичното дело обљуба на дете кое не наполнило 14 години минимална затворска казна е 12 години, доколку детето-жртва било тешко повредено или пак го загубило животот во нападот на педофилот минималната казна е 15 години со опција и за доживотен затвор.
Новина во измените е воведувањето на медикаментната терапија позната како хемиска кастрација, односно специјални вакцини...
Post Views: 1
Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот.
Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок.
Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат...
Post Views: 7
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, во рамки на работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, одобрена и од Советот на општина Охрид, денес во 12 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната кампања „Вози одговорно-животот е во твои раце“.
Кампањата има превентивно-едукативен карактер а целта е потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со патничките моторни возила, моторциклите и велосипедите. Кампањата треба...
Post Views: 4
Неговите ликови – Фродо, Билбо, Саурон, Гандалф и многу други, веќе ни се ептен познати на големите екрани. Сега на ред е филм за умот што ги измислил.
Под насловот „Tolkien“, филмот ќе се фокусира на животот на писателот и тоа како почнал со пишувањето на фантастичната трилогија што сите ја знаеме.
Поточно, филмот ќе го прикаже времето кога Толкин бил студент на универзитетот во Оксфорд и војник во Првата светска војна.Роден во Јужна Африка во 1892-ра година, Толкин пораснал во Англија, а за време на Првата светска војна се борел во првите редови, според Tolkien...
Post Views: 3
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 14 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол. Од здобиените повреди, во општата болница во Гостивар, починал Шеза Ј.(76) од селото Колибари, кој претходно во тешка здравствена состојба од местото на несреќата, со возило на Брза помош, бил префрлен во Општата болница во Кичево.
Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, сакал од локалниот...
Post Views: 7
Силни инспиративни импулси ѝ пренесоа на публиката членовите на познатиот ZZ Quartet кои вчеравечер музицираа во предворјето на црквата „Света Софија“ во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.
На репертоарот беа оригинални композиции на гитаристот во составот, Ратко Зјача, кој е еден од најнаградуваните хрватски гитаристи и композитори. Освен него, настапија и Вид Јамник на удиралки, Мартин Ѓаконовски на акустичен контрабас и тапанарот Јоже Задравец.
Изведовме музика од моите најрани албуми, еден пресек на мојата работа во изминатите 10 години....