„Вози одговорно-животот е во твои раце“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, во рамки на  работата и реализацијата на предвидените програмски активности во годишната програма, одобрена и од Советот на општина Охрид, денес во 12 часот, ќе ја реализира едукативно-превентивната кампања „Вози одговорно-животот е во твои раце“.

 |   | 

Кампањата има превентивно-едукативен карактер а целта е потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на  сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со патничките моторни возила, моторциклите и велосипедите. Кампањата треба да влијае врз подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната  безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот.

Кампањата ќе биде реализирана во соработка со СВР Охрид односно со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Предвидено е, сообраќајната полиција да постави сообраќаен пункт кај селото Подмољје и на возачите на автомобилите и другите возила, низ советодавна комуникација, да им се поделат едукативни наменски флаери со низа практични совети за безбедено возење и зголемена сообраќајна безбедност. Кампањата ќе ја реализираат полициски службениници и претставници од Советот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top