Post Views: 7
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И. (25) од Охрид. Основниот суд Охрид него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Во почетокот на ноември минатата година, пријавениот креирал лажен фејсбук профил „Kikolo giko“ по што набрзо се воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот...
Post Views: 11
Успешна деловна 2014 година бележи Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Ова беше констатирано на 9-та седница на Собранието. Во годината на заминување здруженеито се судри со блокирана сметка, водење на судски спор за пензионерскиот дом и формирање на новото пензионерско здружение Дебрца. Раководството е задоволно од реализираната планирана програма, кажа претседателот Ѓорѓи Трпчески. „Ние најтешкиот дел го преминавме, во од ги решававме проблемите. Не држат во заложништво, 9500 членови, здружението на инваладиски пензионери, ја блокираа сметката, а...
Post Views: 4
Проектот за формирање на центар за депресија засега е само на ниво на идеја. Првите луѓе на Здравствен дом Охрид, д-р Митко Дабески и д-р Љубен Арнаудов, од Општа болница, велат дека до нивните институции непристигнале никакви конкретни инструкции од ресорното министерство.Д-р Дабески од Здравствен дом за ТВМ со кус коментар дека нивната установа може да обезбеди само просторија во Маларична, но не и специјализиран кадар. Нивната установа нема психијатар. Во Општа болница пак, подолго време се соочуваат со дефицит на ваков стручен кадар. Иако од ресорното министерство...
Post Views: 4
Мнозинство советници во градскиот совет во отсуство на нивните колеги од СДСМ и ЛДП, дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р Македонија, на кое е предвидено да се изградат катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица. Советниците од опозицијата нагласија дека не се против изградба на овие капитални проекти кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, со отуѓување односно со продажба на земјиштето.
“Одлуката е избрзана, истата не ја прифаќаме и ќе ја напуштиме...
Post Views: 3
Семејството во шок, велат „При претресот не ни покажаа ни налог“. Портпаролот на МВР, Иво Котески, го потврдува случајот но деталите за истиот вети дека министретсвото ќе ги соопшти утре.
Рација во домот на Башким Бојку. Рано утрово специјалните единици на МВР, спровеле координирана акција во Струга и во селата Велешта и Франгово. Од корен биле претресени деловните простории и семејната куќа на Бојку. Семејството видно потресено од настанот. Велат, „50 тина вооружени специјалци ни влегоа додека спиевме и не извадија во дворот, додека претресуваа“ Се пожалија дека...
Post Views: 6
Задоволителен интересот за посетување на бесплатните курсеви по компјутери и англиски јазик кои ги организира Министерството за труд и социјална политика-оценуваат од охридскиот Центар за социјални работи. Со овие почетни курсеви ќе бидат опфатени децата без родители и родителска грижа сместени во згрижувачко семејство, во мал групен дом, во установи за социјална заштита, деца под старателство на близок сродник и лица кои до својата осумнаесетта година имале статус на деца без родители, но не се постари од 26 години.
„Постапувајќи по насоките од Министерството, стапивме...
Post Views: 1
Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на милост...
Post Views: 2
„Милкуз“ компанијата за производство на печки на пелети и огревно дрво е првата компанија која позитивно одговори на повикот на проектот „Топол дом“. Центарот за социјални работи побара пред еден месец покрај поединци, во овој проект да се вклучи и бизнис заедницата.
„ Во рамките на нашите можности излеговме во пресрет со донација. Дониравме 10 печки на дрва од кои сите ќе бидат за социјално ранливата категорија на граѓани и 5 за училиштата во Охрид и Дебрца. Донација од 2 печки на пелети е наменета за градинките во општина Охрид заедно со пелети“, кажа менаџерот на...
Post Views: 8
Започна да функционира амбулантата во Љубаништа. Истата ќе работи секој ден од 10 до 18 часот. Според изјавата на директорот на Здравствен дом, Митко Дабески, со отварањето на амбулантата во Љубаништа ќе се постигне поголема мобилност и брза интервенција во населбите и плажите во околината на Љубаништа.
„Тим доктор, сестра и шофер со возило, тие 8 часа ќе бидат таму и ќе прегледуваат пациенти во амбулантата во тој дел Трпејца и Љубаништа ќе ги покрива и плажите до Св Наум до границата и долу плажите“.
Амбулантата во Љубаништа требаше да биде отворена од 1 јули. Дабески...
Post Views: 2
Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.
„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...
Post Views: 6
Со цел задоволување на потребите на граѓаните од земјава на кои им е потребна помош од покуќнина, мебел, бела техника, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и др, МТСП продолжува со акцијата „Се грижиме за топол дом“. Првиот човек на Регионалниот Центар за Социјални работи Екрем Каљоши, вели дека Министерството преку имплементирање на социјалните политики континуирано оди во насока да се намали социјалниот ризик кај корисниците во државата, а во исто време да превенира од евентуален ризик на социјално исклучување кај загрозените категории.
„Првенствено целта,...
Post Views: 11
Пехар за проектите Дом , Светлина и Виделина на охридскиот ПХВ тим на Црвен крст. Македонскиот Црвен крст додели пехар и го награди трудот за реализирани проекти за хумани вредности на охридската организација. Десеминаторот Јованка Сион Доленц која го предводеше ПХВ тимот сo 30-тина млади волонтери се заслужни за ова високо државно признание. Младите волонтери со три проекти дадоа несебичен придонес за добробит на општествената заедница. Со проектите Дом, Топлина и Виделина внесоа светлина во срцата на луѓето кои имаа потреба од помош. Заедно стравувавме и се радувавме...