Post Views: 0
Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.
Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени.
„ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега...
Post Views: 6
Социјалната заштита во градов ставена на маргините. Средствата кои општинава ги издвои за оваа намена со буџетот за 2015та се премалку за да се задоволат потребите на оваа ранлива категорија на граѓани, вели советничката од НСДП, Верица Хајба.Срамно е во денешно време Локалната самоуправа да предвиди буџет од 200 000 ден. за оваа намена. Поднесов амандман за да се изврши корекција и да се направи трансфер од буџетот наменет за програмата за трансфери на спортските клубови каде е предвиден буџет од 4милиони денари и да се издвојат еден милион денари кои би отишле во...
Post Views: 3
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, додека цената на дизелот и екстралесното масло не се променува.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 77,00 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе се продава за 78,50 ден/лит.
Согласно одлуката на регулаторите, цената на еуродизелот (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно еуродизел ќе се продава по старата...
Post Views: 1
Славка Маркулеска и нејзиниот син Михаил се добитници на првата награда за најубаво украсен новогодишен двор. Втората награда им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда ја доби Аце Ѓурчиноски. Маркулеска кажа дека новогодишните креации се резулатат на креативноста на целото семејство, а поголемиот дел од реквизитите ги изработила сама од природни материјали.
„Вметнавме поголемо осветлување , ставивме и едно буре кое ќе симболизира новогодишно прославување,“, кажа Маркулеска.
Семејството Гигер, Иванка и Бруно, се добитницци на втората награда и на декорирањето...
Post Views: 6
Наскоро ќе почнат зафати за завршување на доградбата на општинската зграда. Ова го најавуваат од локалната самоуправа околу градежните планови со довршување на зградата во кој ќе биде сместена општинската администрација. Темелите на доградбата беа поставени пред две години, а градежните работи беа стопирани пред локалните избори во 2013. Од втората половина на овој месец се очекуваат градежни зафати за нејзино довршување. „ Надминати се оние наследени проблеми кои беа врзани со изградбата на општинската зграда. По распишаниот јавен повик одобрени се 4 компании кои...
Post Views: 8
Градскиот пазар полн со граѓани кои шетаат од тезга до тезга и ги споредуваат цените на костените, бонбоните, овошјето и зеленчукот, обидувајќи се да дојдат поевтино до намирници за прослава на Бадник и Божиќ. Како и секогаш, цените на производите пред секој голем празник одат нагоре, па така килограм костени кои се традиционален декор за овие празници ќе ве чини стотина денари, а за да ги наполните чиниите за овошје со килограм мандарини ќе ви требаат 50тина денари, портокалите се поефтини и ќе ги добиете 3 килограми за 100 денари. Еве што охриѓани ќе имаат на своите...
Post Views: 3
Регулаторната комисија на денешната седница ја коригираше цената на бензините по одлуката на Владата да ја намали акцизата.
Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 денари по литар.
Владата го намали и надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари.
Со оваа мерка Владата се откажа од 10 милиони евра буџетски приходи од акцизи. Важи за период од четири месеци, до средината на август.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Општина Дебрца изврши исплата на 337.500 денари за ученички и студенски стипендии.
–Инвестираме во учениците и студентите и нивната мотивација за постигнување на особени резултати во учењето. Ве информираме дека од сметката на општинскиот буџет се исплатени 202.500 денари за ученички стипендии за учебната 2020/2021 година и 135.000 денари за студентски стипендии за студиската 2020/2021 година или вкупно 337.500 денари.-информираат од Општина Дебрца.
Post Views: 6
Буџетот за 2015та ќе тежи 913 900 000 денари. Денес после петчасовна бурна расправа беше донесен за некого реалниот, а за некого нереалниот буџет на општина Охрид. Опозицијата со став дека проекцијата на буџетот е многу ниска за да се реализираат сите развојни програми предвидени со него. Координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојановски вели дека буџетот не е развоен и не дозволува никаква светла иднина на градот.
Она за што реагиравме ние беа лошите буџетски програми кои беа донесени и нереалното буџетско плснирсње меѓутоа во целина олкавиот буџет...
Post Views: 6
Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава.
Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Охридското Езеро треба да добие обележан пловен пат, по кој ќе се движат бродовите, глисерите и другите пловни објекти. За таа цел Министерството за транспорт и врски преку Електронскиот систем за јавни набавки, деновиве објави Јавен оглас, за изработка на проект за обележување на езерската површина со поставување на пливачки направи. Вредноста на оваа јавна набавка изнесува околу 2.500 евра или точно 150.000 денари.
Освен јавниот повик за изработка на проект за пловен пат, Министерството за транспорт и врски објави и јавен повик за изработка на проект за обележување...
Post Views: 1
Горивата, овој пат, поевтинуваат! Бензините за два, а дизелот за денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, следејќи го трендот на движење на нафтата на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот изминативе две недели.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E V) се намалува за денар и чини 69,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и се продава за 58,5 денари по литар. Со одлуката на РКЕ за 0,334...