Post Views: 1
Во хотелот Далјан на езерскиот брег со многу насмевки и позитивна енергија глувите и наглувите лица ги одржаа традиционалните „Игри без граници“. Глувите лица се дружат , но ја потсетуваат околината дека сакаат рамноправно да учествуваат во сите случувања во општественото живеење, напоменуава Славица Стефаноска претседател на охридското здружение. На манифестацијата со спортско забавен карактер зедоа учество стотина лица од сите здруженија на глувите лица од земјава и го одбележаа светскиот ден на глувите, појаснува Стефаноска.
„ Сакавме да го искористиме убавото време...
Post Views: 0
Дали единствениот планинарски дом во Европа со кој стопанисуваат глувонеми лица, а кој повеќе од 50 години е нивно свратилиште, ќе ги смени сопствениците?
Од „Планинарскиот клуб на глувите лица „Скопје 63“, апелираат да не се распишува тендер или барем и самите да имаат право да учестуваат со одредени повластици и предност, бидејќи не сакаат да изгубат објект кој е дел од нивните животи.
Никола Огненов претседател на здружението на глуви лица „Скопје 63“и Претседателот на националниот сојуз на глуви лица Васко Марков, објаснуваат дека станува збор за објект со кој...
Post Views: 0
Избледени пешачки премини, злоупотреба на паркинг местата обележени за лицата со инвалидитет, како и немање тротоар и неосветлена улица кон хотелот Извиднички се само дел од сообраќајните проблеми кои ги мачат глувите и наглуви лица од Охрид. Сепак тие се задоволни што општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот за прв пат дојде и ги слушна нивните проблеми во сообраќајот.
„Проблеми има за пешаците со обележување на патеките, паркирањето и апел до возачите да возат побавно. Тешко е да си пешак, а уште потешко да си глув пешак. Задоволни сме од оваа средба, вели...
Post Views: 3
Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот.
Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема трема...
Post Views: 5
28ми септември, светскиот ден на глувите лица, здружението на глуви и наглуви лица од Македонија, традиционално го одбележа со спортски игри. По петти пат 12 општини од Македонија се натпреваруваа во пет дисциплини и тоа баскет, фудбал, одбојка на песок, куглање и фрлање ѓуле. Во натпреварите учествуваа 60 лица од кои 40 мажи и 20 жени. Тихо Русовски, претседателот на спортската федерација на глуви и наглуви лица на Македонија задоволен што лицата од оваа ранлива категорија и оваа година се собраа во толкав број да го одбележат овој ден. Не случајно секоја година игрите...
Post Views: 5
Жените од здруженијата на глуви и наглуви лица од републикава, денес ја покажаа својата магија во кујната.
Натпреварот „Жена домаќинка“ кој веќе стана традиционален натпревар во готвење, понуди многу различни јадења, вкусови и мириси кои ги почувствуваме веднаш штом стигнавме до кујната на хотелот Далјан кој е домаќин на оваа манифестација. А богами имаше и што да се види.
„Оваа манифестација се одржува години наназад и веќе премина во традиционален. Општинските здруженија кои учествуваат на овој натпревар ги има 15 кои се тука. Интересен натпревар помеѓу глувите жени,...
Post Views: 13
Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет, глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков. „ Дискриминацијата е во поглед на платата, која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...