Post Views: 8
Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено...
Post Views: 6
Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии.
Според најавите, сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат презентацијата и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом во 17:30 часот во зградата на општина Охрид.
На презентацијата ќе бидат присутни претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи наредните денови во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово,...
Post Views: 10
Истражeн судија од Основниот суд Скопје 1 по неколкучасовен распит синоќа му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кој вчера попладне беше уапсен под сомнение за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената должност.По одредувањето на мерката притвор, Бошкоски беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.Адвокатот на Бошковски, Љубомир Михајловски, по распитот потврди дека тој е осомничен за двете наведени дела. – Целата ситуација е...
Post Views: 7
Деми Мур и Ештон Качер објавија вчера дека се разделуваат после шест години брак. Сега на површина излегуваат детали од нивниот однос. Имено, според пишувањето на американските медиуми, Деми е бисексуална, а сите свои потреби не ги задоволувала со Ештон.
-Сите во Холивуд знаат за нивниот договор за отворен брак, но досега успеаја да ја зачуваат тајната од новинарите. Деми го одобруваше флертувањето на Ештон со други девојки, и некако успеаја да ја одржат врската низ сите тие години – изјавил изворот.49-годишната Деми и 33-годишниот Ештон одлучија да се разделат...
Post Views: 6
Граѓаните, почнувајќи од вчера па до 4. мај можат да направат увид во Избирачкиот список.
Државната изборна комисија (ДИК), по завршувањето на јавниот увид, ќе го заклучи Избирачкиот список, со сите промени кои произлегле од увидот, најдоцна 10 дена по завршениот увид, односно до 14 мај.
{loadposition content9}
Post Views: 21
Сашо Василевски, пратеникот во Парламентот на РМ од Охрид вчера е избран за претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни потреби, која беше формирана вчера во Собранието на Република Македонија.
Охридскиот пратеник во вчерашното обраќање посочи дека негова примарна заложба ќе биде унапредувањето на условите на лицата со посебни потреби појаснувајќи дека со новиот Закон ќе бидат опфатени над 2.000 работодавачи.Василески на вчерашниот состанок на интерпартиската група, потенцираше дека моментално има околу 2.059 работодавачи кои...
Post Views: 10
Откако кексите „јафа“ на српската фабрика „Црвенка“ пред два дена биле повлечени од словенечките продавници поради „опасни состојки во амбалажата“, македонската Агенција за храна и ветеринарство вчера наложи тие да бидат повлечени и од продавниците во земјава.
Причината за повлекување на овој производ лежи во неисправната амбалажа, која може да биде опасна по здравјето. Картонската амбалажа, во која производителот Црвенка го пакува овој производи, содржи бензофенон и 4-метилбензофенон, кои може да навлезат во колачињата.
Според словенечкиот здравствен инспекторат,...
Post Views: 2
Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини.
На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини.
Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците.
Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална...
Post Views: 4
Фотографија од повредениот Тодор Гечевски како лежи на кревет со повредената лева рака вчера и денес кружи низ интернет просторот.Фотографијата е дело на капитенот Перо Антиќ и истата е поставена на Фејсбук и Твитер. Антиќ со доза на хумор истата ја нарекува „Воин на кревет“.
Последните информации од Литванија говорат дека Тоше Гечевски вечер нема да се појави на паркетот во Каунас поради скршеницата на левата рака, но знаејќи го темпераментот и лавовското срце на Кавадарчанецот, никој неможе со сигурност да тврди дека тој вечер нема да се обиде да помогне во историскиот...
Post Views: 2
Вчера во Кортона, Италија беше спуштена завесата на годинашното издание на фестивалот „Тосканско сонце“ што се одржа под мотото „Уметноста на живеењето“.
Огромно внимание предизвика премиерата на проектот „Заведување, чад и музика: љубовната приказна на Шопен и Жорж Санд“ од Џејмс Мело, во режија на Доналд Т. Сендерс, а во чија изведба ликот на музичарот Шопен зад пијаното го интерпретираше нашиот прославен пијанист Симон Трпчески, додека човекот и љубовникот Шопен на сцената го донесе легендарниот британски актер, оскаровецот Џереми Ајронс.
Интересен момент се случи...
Post Views: 1
Брак ќе може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други места, како ресторани, домови, излетнички места. Ова е предвидено со измените на Законот за семејството, кои вчера добија виза од собраниската Комисија за труд и социјална политика.Оние што ќе сакаат да склучат брак на место по нивна желба, за тоа ќе треба да платат соодветен надоместок, како и да добијат одобрение од институцијата или управителот на објектот и локацијата каде што сакаат да стапат во заеднички живот.
За да се склучи брак надвор од службените...
Post Views: 5
Примателите на социјална помош од октомври ќе добиваат 10 евра од Владата за секоја платена сметка за струја, потврди вчера премиерот Никола Груевски. Законот со кој ќе се издвојуваат овие пари ќе се применува од овој месец, поточно Владата ќе им олесни на социјалците доколку приложат платена сметка за струја за септември.
„Десетте евра помош, енергетската сиромаштија, ќе може да ги подигне од 1 до 10 октомври. Пари за оваа намена се веќе обезбедени во буџетот, а подготвени се и службите во Министерството за труд и социјална политика, кои ќе треба да ја спроведат владината...