Валкани детали: Деми Мур и Eштон Kачер имале отворен брак

Деми Мур и Ештон Качер објавија вчера дека се разделуваат после шест години брак. Сега на површина излегуваат детали од нивниот однос.

 |   | 
Demi-Ashton
Demi-Ashton

Деми Мур и Ештон Качер објавија вчера дека се разделуваат после шест години брак. Сега на површина излегуваат детали од нивниот однос. Имено, според пишувањето на американските медиуми, Деми е бисексуална, а сите свои потреби не ги задоволувала со Ештон.
Demi-Ashton

-Сите во Холивуд знаат за нивниот договор за отворен брак, но досега успеаја да ја зачуваат тајната од новинарите. Деми го одобруваше флертувањето на Ештон со други девојки, и некако успеаја да ја одржат врската низ сите тие години – изјавил изворот.
49-годишната Деми и 33-годишниот Ештон одлучија да се разделат откако е објавено дека пред два месеци актерот ја изневерил сопругата со една млада девојка.
Целата афера излезе во медиумите, а и покрај трудот, актерите не успеаја да го одржат бракот. На Ештон му опадна популарноста, а Деми утеха побара во семејството. Во вчерашното соопштение Деми напиша дека како жена, мајка и сопруга има одредени вредности и решила според истите да продолжи со својот живот. Медиумите ги замоли за разбирање и приватност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top