Ознака: Makedonija

vaterpolo

Македонската ватерполо репрезентација триумфираше над Грција

Post Views: 15 Водата во Олимпискиот базен во Скопје беше најзапенета во последните 20 секунди, кога Грците се обидуваа да го израмнат резултатот. Македонија во третата четвртина имаше предност со 6 : 3 и три до четири неверојатни промашувања, доведувајќи го во прашање конечниот триумф.1500 гледачи френетично, со овации ја поздравија победата на Македонија. Грчките ватерполисти со свирежи од трибините беа пречекани и испратени, исвиркана беше и грчката химна за време на интонирањето. Нешта на кои не можеше да влијае тврдото полициско обезбедувањето и добрата организација на овој спортски...

Continue reading

Varshava EURO 2012

Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕУРО 2012

Post Views: 0 Во Варшава со ждрепка беа одредени квалификациските групи за пласман на Европското фудбалско првенство кое 2012 година ќе се одржи во Полска и Украина. Селекцијата на Македонија ќе игра во групата Б, а противници ќе и бидат Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора. Квалификациите почнуваат на 3 август оваа година, а завршуваат на 11 октомври 2011 година. Бараж мечевите се играат на 11/12 и 15 ноември следната година. Група А: Германија, Турција, Австрија, Белгија, Казахстан, Азербејџан Група Б: Русија, Словачка, Република Ирска, Македонија, Ерменија, Андора Група...

Continue reading

devojka

Македонија за едно место подобра на ФИФА рејтинг листата

Post Views: 5 Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 64 место со 495 освоени бодови на најновата рејтинг листа која денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација- ФИФА. Македонските репрезентативци немаа настап во периодот меѓу двете последни рангирања. Подобрувањето за едно место во споредба со рангирањето од претходниот месец се должи на падот на репрезентацијата на Бенин од осум позиции. Голем скок од 14 позиции на листата на ФИФА направи победникот на африканскиот Куп на Нации, репрезентацијата на Египет која сега се наоѓа на 10 место истиснувајќи ја Хрватска...

Continue reading

Kire lazarov

Македонија Литванија 24:24

Post Views: 15 Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено против Литванија на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2011 година, што се одржува во Турскиот град Адана. Само првопласираната екипа од групата, во која се наоѓаат Македонија, Литванија и Турција, обезбедува пласман во бараж напревар.Македонија ќе мора утре да брка победа со што е можно поголема разлика против домаќинот Турција, бидејќи конечната одлука за патникот во баражот, ќе падне на мечот Турција-Литванија, што ќе се игра во недела. Според информациите од Адана, македонија одлично играла во...

Continue reading

sah

Македонија при дното на ЕП во шах

Post Views: 1 Двете македонски шаховски селекции се при дното на табелата по четири одиграни кола на 17. Европско првенство за мажи и 8. ЕП за жени во Нови Сад. На пет кола до крајот избраниците на селекторот Атанас Кизов со два меч-бода и со само шест поени по табли се 34. меѓу 38. состави, а тимот на Ристе Менкиноски со ефект 1 (4,5) е претпоследен во конкуренција на 28 женски репрезентации. Мажите, кои го почнаа првенството како 27. според просечниот рејтинг од 2516 поени, во четвртиот круг претрпеа уште еден висок пораз, овој пат од 3-1 против четвртиот носител Бугарија (2673)....

Continue reading

logo

Македонија утре против Катар игра пријателски натпревар

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезентација утре против Катар ќе го одигра првиот натпревар по завршувањето на квалификацискиот циклус за Светското првенство кое идната година ќе се игра во Јужна Африка. Селекторот Мирсад Јонуз утрешниот натпревар го смета за почеток на нов проект во репрезентацијата кој треба да заврши со постигнување на добри резултати во квалификациите за Европското првенство 2012 во Полска и Украина. Нови имиња во националниот тим се Душан Савиќ, Глигор Глигоров, Марио Ѓуровски, и Роберт Попов, а ги нема Дарко Тасевски, Влатко Гроздановски и Роберт Петров....

Continue reading

sah

Македонија домаќин на шаховската елита

Post Views: 6 Околу 600 шахисти од 35 држави, меѓу кои и десетината најдобро рангирани во светот, ќе настапат на годинешниот Европски куп на клубови во шах, чиј домаќин е Македонија. Европскиот клупски шаховски куп, кој што од денеска до 11 октомври се одржува во Охрид е 25-ти по ред во машка и 14-ти во женска конкуренција. На првенство ќе учествуваат 58 клубови во машка и 14 во женска конкуренција. Шахистите ќе ги играат партиите во хотелот Инекс Горица, а шахистките во хотелот Гранит. Годинешниот европски клупски куп во шах ќе има досега најголем паричен фонд во висина од 45.000...

Continue reading

kosarka

Македонија го пропушти четвртфиналето

Post Views: 5 Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство, откако во драматичен меч загуби од европскиот првак Русија со 71:69. Со оваа победа Русија го обезбеди третото место во групата и пласман во четвртфиналето, додека Македонија се прости од ЕП. Најефикасен кошаркар во македонската репрезентација беше Перо Антиќ со 19 поени, додека кај Русите најефикасен беше Тимофеј Мозгов со 25 поени. {loadposition content9}

Continue reading

Македонија против Израел денеска на ЕП во кошарка

Post Views: 7 Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел. – Мораме да го заборавиме вчерашниот пораз од Грција и да се обидеме да останеме пред се психички силни. Шансата за победа со Израел постои. Поквалитетни сме индивидуално, а мислам дека неможе двапати по ред да не не сака шутот, изјави за МИА македонскиот крилен центар Перо Антиќ.Нашиот денешен противник исто како Македонија синоќа стартуваше со пораз. Израелците во првото коло загубија од Хрватска со 86:79. Во вториот натпревар...

Continue reading

logo

Македонија остана на 53-то место на ранг листата на ФИФА

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезантација во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар со што остана на 53-тото место на најновата ФИФА ранг листа. Иако во однос на претходното рангирање, Бразил загуби 30 бодови, „Кариоките“ остануваат на врвот на листата на ФИФА. Актуелниот европски шампион Шпанија, со која македонската селекција за седум дена во Скопје ќе одигра пријателски натпревар и натаму е второпласирана пред треторангираната Холандија.Промена меѓу првите 10 има единствено на пласманот на Германија и Италија, со што актуелниот светски првак (Италија) падна на...

Continue reading

kosarkari

Втор пораз на Македонија од Словенија

Post Views: 8 Македонската кошаркарска репрезентација и во вториот натпревар синоќа во Домжале  загуби од Словенија. Конечниот резултат беше 80 : 75 (21:21, 21:17, 16:18,22:19), а овојпат избраниците на селекторот Јовица Арсиќ прикажаа подобра игра за разлика од претходнната вечер. Се уште се чуствува проблемот на невоиграноста на екипата, а повторно противникот имаше повеќе скокови (Македонија 27, Словенија 39). Во нашиот тим најмногу поени постигнаа Гечевски и Антиќ по 16, додека Врбица Стефанов реализираше 15 поени со 8 асистенции. Натурализираниот Македонец Џеремаја Мејси и...

Continue reading

logo

Македонија ЃП загуби од Бате Борисов

Post Views: 6 Првиот натпревар од двомечот Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов во рамки на второто квалификационо коло од Лигата на шампионите му припадна на гостинот од Белорусија кој победи со 2:0. Фаворитот попладнево на „Националната арена Филип Втори“ пред околу шест илјади гледачи лесно стигна до убедлива предност пред реваншот. кој за седум дена се игра во Борисов. Фудбалерите од населбата „Ѓорче Петров“ беа рамноправни во првите 20 минути, дури и се заканија преку Даниел Мојсов кој во 10-тата минута по една нафрлена топка од слободен удар биеше со глава од 6-7 метри преку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top