Ознака: Makedonija

rakometari

Македонија ги започнува натпреварите од втората фаза на СП во ракомет

Post Views: 5 Македонската ракометна репрезентација денеска во Задар се среќава со репрезентацијата на Норвешка, во рамки на втората фаза од Светското ракометно првенство, што се одржува во Хрватска. Со победата во четвртокот против Русија, македонските ракометари го постигнаа најголемиот успех, пласирајќи се меѓу 12-те најдобри селекции на светот. Македонската репрезентација натпреварите ги започнува со два бода, освоени во мечот со Полска од првата фаза. Во група со Македонија се и репрезентациите на Данска и Србија. Се очекува македонските ракометари во следните три меча да ги...

Continue reading

OSCE

Има ли педофилски скандал во ОБСЕ во Македонија

Post Views: 1 Со анонимно писмо македонските медиуми деновиве се информирани дека вработен на висока позиција во Мисијата на ОБСЕ во Скопје наводно бил инволвиран во детска порнографија и проституција. Според дописот вработениот во Мисијата ја напуштил земјава уште пред десетина дена. Во писмото се наведува дека сознанијата за педофилската активност на високиот службеник во ОБСЕ веќе подолго време се држеле во затворениот круг на Мисијата од страв од скандал што би можел сериозно да му наштети на угледот на ОБСЕ. За целиот случај биле информирани македонските власти, по што неофицијално...

Continue reading

logo

Македонија го победи вицешампионот Полска

Post Views: 2 Македонија во ракометно лудило. Нашиот национален тим ја приреди првата сензација на Светскиот шампионат во Хрватска. Во третото коло од групата „Ц“, македонските репрезентативци денеска ја соборија на колена сребрената селекција од пред две години, фаворизираната Полска и ги заплеткаа сметките околу конечниот изглед на табелата. Македонија го победи актуелниот светски вицепрвак со 30:29. Сензација, за нашиот машки ракомет и спорт воопшто, историски резултат.Ајде сега објаснете му го некому на овој ракометен собир феноменот „балкански менталитет“. Ќе се снајдеме, но...

Continue reading

logo

Македонија против Тунис на ракометниот мундијал

Post Views: 6 Македонските ракометари денеска го играат првиот натпревар против репрезентација на Тунис на Светското првенство што вчера започна во Хрватска. Mакедонија е во групата Ц со Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир и натпреварите ги игра во Вараждин, каде утре игра против Алжир. За македонските ракометари успех е да завршат меѓу првите три репрезентации во групата со што ќе обезбедат пласман во втората фаза и ќе играат за првите 12 места. Сепак, светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер...

Continue reading

rakometari

Македонија на Светското првенство во ракомет во Хрватска

Post Views: 6 Светското првенство во ракомет започнува денеска во Хрватска, фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска. Македонските ракометари утре во Вараждин го играат првиот натпревар против селекцијата на Тунис. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Во групата Ц со Македонија се Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир. Светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер...

Continue reading

mk-cnn

Македонија на CNN

Post Views: 3 Aна Корен од CNN ќе ја презентира ноќната емисија „World One“ во ударно време, во живо од Скопје во 22.30 од понеделник 10-ти до петок 15-ти. „Идејата на i-List е да им помогнеме на нашите гледачи да научат нешто ново за земји кои мислат дека веќе ги познаваат и да им ги прикажеме различните култури и влијанија кои ја формираат меѓународната заедница“, изјави Мајк Мекарти, потпретседател за покриеност и статиски емисии во CNN International. Покрај гостите од светот на политиката, стопанството и културата, кои ќе ја придружуваат Ана во World One, емисијата во текот на...

Continue reading

papa

Папа Бенедикт 16-ти: Македонија e богатa со духовно и културно наследство

Post Views: 0 Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони. Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.Поглаварот...

Continue reading

rakometarki

Македонија го заврши Европското првенство на седмо место

Post Views: 6 Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место. Македонските ракометарки уште од самиот почеток доминираа на теренот носени на крилјата на шест илјадната публика во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Белорусија даваше отпор до дваесеттата минута, кога при водство на нашата селекција од три разлика, беше направена мини серија од 4:0 за уверливо водство од 17:11. Највисокото водство Македонија го имаше на пет минути пред крајот, кога поведе со 29:19, по што...

Continue reading

Кои се најбогатите во Македонија?

Post Views: 3 Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки. Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании, заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една позната профитабилна...

Continue reading

Stavreski

Македонија официјално излезе од рецесија

Post Views: 1 Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот Тој додаде дека Македонија  ја заврши 2009 година со негативна стапка на раст од 0,7 отсто . „Остварените резултати, особено доколку се искомбинираат со намалување на невработеноста во текот на 2009 година, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици и спречени...

Continue reading

Srecko Katanec

Македонија – Црна Гора 1:2

Post Views: 8 Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута. Селекторот на македонската резрезентација Среќко Катанец на заедничката прес – конференција по натпреварот рече дека нашиот тим играл солиден фудбал, но оти сме примиле гол каков не сме смееле да примиме. „Примивме гол каков несмееме да примиме, нешто што ни се случува често во последно време, а за вториот несакам да...

Continue reading

papandreu i obama

„То Вима“: Вашингтон предлага „Република Северна Македонија“

Post Views: 0 Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот, побарале американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, пишува денеска весникот „То Вима“ Обама и Клинтон, како што се наведува, му кажале на Папандреу дека ако Грција одговори позитивно на нивното барање, Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН дека називот „ПЈРМ“ во иднина може да се замени со „Република...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top