Ознака: Makedonija

Carmen Pikeras

Министерот за одбрана на Шпанија во посета на Македонија

Post Views: 2 Шпанската министерка за одбрана Карме Чакон Пикерас денеска е во официјална посета на Скопје, каде е предвидено да оствари средба со нејзиниот македонски колега Зоран Коњановски. За време на министерската средба, која е прва од ваков тип, ќе биде потпишан Меморандум за соработка во областа на одбраната, со што ќе се официјализира билатералната соработка помеѓу министерствата за одбрана на двете држави. Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува уверувањето за меѓусебното разбирање, размената на информации и зголемувањето на соработката меѓу двете министерства и вооружените...

Continue reading

zena

Светските борци за женски права во Македонија

Post Views: 1 Над 100 еминентни светски борци за права на жената ќе учествуваат на меѓународната конференција “Мир и безбедност-феминистичка алтернатива“, што започнува денеска во Скопје. На дводневната конференција е најавено учество на мировни активистки, политичарки, експертки и претставнички на образовните и владини родови институции од 23 земји од Европа, Блискиот Исток, Кавказот и САД. Почесна гостинка на конференцијата ќе биде позната светска писателка Навал Ел Садави од Египет, која поради активизам за женски човекови права, во 80-те години од минатиот век беше затворена,...

Continue reading

Vаsko Naumovski

Македонија и САД со меморандум за разбирање

Post Views: 1 Меморандумот се однесува на студиски програми, семинари, менторства, студиски посети и други активности. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски и амбасадорот на САД Филип Рикер денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање за обука и поврзани активности. Во Меморандумот се вклучени активности како што се студиски курсеви, дипломски програми, работилници, семинари, менторства, стажирање и студиски посети, како и придружна опрема и други погодности. Меморандимот ќе биде поддржан со Програмата за обука подготвена од страна на Владата на САД, а во согласност...

Continue reading

makedonec

Македонија денес слави 18 години независност

Post Views: 12 Македонија денеска слави 18 години независност. Нa 8-ми септември 1991 година граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена Република Македонија. На 8-ми септември 1991 година се остварија стремежите за независност на Република Македонија. Тие беа заокружени со референдумот на кој 95 насто од граѓаните се определија за самостојна и суверена Република Македонија,  потсети претседателот на македонскотот собрание Трајко Вељаноски во своето обраќање по повод 8-ми септември, Денот на независноста. Во обраќањето претседателот на парламентот,  Вељаноски, истакна...

Continue reading

George Soros

Од фондот на Сорос 810,000 евра за Македонија

Post Views: 2 Вкупно 812,000 евра помош за намалување на штетите од глобалната економска криза се наменети за Македонија од Ургентниот фонд на Џорџ Сорос. Американскиот финансиер и филантроп Сорос формираше Ургентен фонд во износ од100 милиони долари, наменети за 20 европски држави, во кои функционираат неговите национални фондации. Во фокусот на овој Фонд ранливите група граѓани, кои се најсилно погодени од кризата, граѓанските здруженија и организации, кои треба да се прилагодат на новите кризни околности, како и одржување на вредностите на отвореното општество. Критериумите за...

Continue reading

logo

Хрватски новинари во посета на Македонија

Post Views: 0 На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија,  од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ. Целта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност,  а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани. Во соопштението од Агенцијата изразуваат задоволство што бројот на странските туристи, според статистичките податоци во јуни годинава, е зголемен за 19,7 отсто во однос на истиот месец од 2008 година. Во...

Continue reading

tribini

100 години фудбал во Македонија

Post Views: 9 Прославата на 100 години фудбал во Македонија ќе кулминира денеска на пријателскиот фудбалски натпревар со европскиот шампион Шпанија. Натпреварот започнува во 21.30 часот на арената Филип Втори во Скопје, која по изградбата на новата северна трибина има капацитет за седење од 25.000 седишта. Шпанците, чиј тим пристигна во Скопје во најсилниот можен состав, натпреварот ќе го играат во сенка на траумата поради смртта на капитенот на Еспањол, Даниел Жарке (26), кој почина по тренинг во Италија, откако неговото срце запре. Македонија има шанси да покаже добра игра со Шпанија,...

Continue reading

Arben Cejku

Македонија без визи за Албанците

Post Views: 1 Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани. „Ние имаме договор кој предвидува укинување на визите меѓу двете наши земји, кој не зависи од либерализацијата на визите што ја доби Македонија и која набргу ќе ја добие и Албанија“, изјави Чејку. Албанскиот дипломат во Македонија, својата изјава ја даде по вчерашната средба со вицепремиерот одговорен за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, каде прецизирал дека воспоставувањето на визите се врши само доколку Македонија стане...

Continue reading

logo

Министерска средба Македонија – ЕУ

Post Views: 1 Состанок на министерската тројка на Европската унија (ЕУ) и на Македонија ќе се одржи денеска на маргините на Самитот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел. Напредокот на Македонија кон ЕУ, во исполнувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација треба да биде разгледано попладнето во Брисел од страна шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, како шеф на ЕУ тројката и претставници на претходниот и наредниот претседавач со ЕУ – Чешка и Шпанија. Според соопштението на шведското претседателство на...

Continue reading

zname

Бугарија ги укинува визите за Македонија

Post Views: 13 Бугарија ќе ги укине визите за граѓаните на Македонија од почетокот на 2010 година, најави денеска Министерството за надворешни работи во Софија. „Одлука на Европската унија (ЕУ) за укинување на визите сè уште нема. Се очекува тоа да се случи од 1 јануари 2010 година. Во моментот кога таа мерка ќе се примени од страна на ЕУ кон Македонија, Србија и Црна Гора, Бугарија неодложно ќе ја исполни таа одлука“, изјави заменикот министер за надворешни работи на Бугарија во оставка Милен Керемедчиев Тој посочи дека Бугарија ја поддржува визната либерализација за Македонија и...

Continue reading

Javier Solana

Солана во Македонија

Post Views: 8 Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија, во рамки на турнејата по западен Балкан. Во рамки на посетата, Солана ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски. Попладне Солана ќе отпатува за Косово, а турнејата ќе ја заврши во среда во Подгорица. Пред да замине на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија (ЕУ). „Европската перспектива...

Continue reading

sostanok

Словенечки Рико сака да инвестира во Македонија

Post Views: 6 Амбициозен план за учество во повеќе проекти од областа на енергетиката и екологијата во Македонија, најави словенечкото претпријатие Рико. Раководството на Рико деновиве во Љубљана пред група македонски новинари претстави дел од своите планови за Македонија, а информираше и за текот и динамиката за неколку проекти во Македонија и Словенија, на кои е активна компанијата. Како што истакна сопственикот на Рико, Јанез Шкрабец, компанијата е заинтересирана за изградба нa хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков мост“, како и за една хидроцентрала на реката Вардар. Рико...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top