Ознака: Makedonija

viza

ЕУ ги укина визите за Македонија

Post Views: 4 Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона. Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора почнувајќи од 19 декември, соопшти францускиот министер за имиграција Ерик Бесон. “Официјално соопштувам дека ЕУ донесе решение за укинување на визите за трите земји, кое  е многу важна етапа во процесот на приближување”, рече Бесон на прес конференцијата. “Укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија ќе стапи на сила на 19 декември”,...

Continue reading

Skender Hiseini

Шефот на косовската дипломатија во посета на Македонија

Post Views: 6 Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени в петок треба да допатува во официјална посета на Македонија. Хисени, освен со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и од премиерот Никола Груевски.Министрите Милошоски и Хисени ќе разговараат за насоките за развивање на политичката и економска соработка, а ќе разменат мислења и за ситуацијата во регионот.На средбите се очекува да биде потенцирана потребата од регулирање и интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји кои се карактеризираат...

Continue reading

logo

Дрва сеуште се крадат

Post Views: 4 Македонски шуми и министерството за транспорт и врски не кријат дека во Македонија сеуште се крадат дрва. „Ситуацијата, за разлика од минатите години, многу се подобри, но овој процес не можеме веднаш да го запреме“, признава,претседателот на синдикатот на шумарство и дрвна индустрија, Живко Митревски.Во Македонија сеуште масовно бесправно се сечат и крадат дрвја, а со тоа се уништуваат Македонските шуми.„Овие појави во државава сеуште ги има, поради тоа што дрвото како енергенс сеуште има висока цена, вели државниот советник за шумарство и ловство при министревото за...

Continue reading

Ljupco Dimovski

Ќе има ли криза за леб?

Post Views: 3 Македонија неподготвена за годинешната балканска криза за пченица. „Владата ги превзеде сите неопходни мерки за да го заштити трудот на производителите. Проблеми со леб, нема да имаме“, вели министерот за земјоделство, шуматрство и водостопанство, Љупчо Димовски.   Македонија нема да има проблеми со леб, тврди министерот за земјоделство Димовски. Владата и министерството за земјоделство, шумерство и водостопаство ги превзеде сите неопходни мерки со кои ќе го заштити трудот на производителите на пченица, јачмен и `рж. „Ја зголемивме субвенцијата по хектар од 6000 на...

Continue reading

logo

Размена на искуства на нуркачите од Македонија и Албанија

Post Views: 6 Проговорија и за новините во оваа бранша. „Можам со сигурност да кажам, дека со опрема,екипа и со нуркачкиот центар сме подготвени  во Охрид да нудиме и  нуркачки туризам“, вели меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски. Нуркачи од цела Македонија викендов беа учесници на 8 миот семинар во организација на Скуба скулл интернешенл. Оваа нуркачка организација до минатата година обуките ги одржуваше во септември, а од годинава се одлучи средбите со нуркачите да ги прави во пролет, со цел нуркачите и нуркачките центри да можат во престојната туристичката сезона,...

Continue reading

Zoran Strezoski

Декларација за зелени општини во Македонија

Post Views: 0 Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ  предлагаат  политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија. Зелените општини значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата што ја предложи ДОМ. Партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, предлага политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелени општини во Македонија. Со овој документ тие би се обврзале на конкретни мерки за заштита на животната средина, што е една од главните...

Continue reading

Zemja

Ден на планатата земја и местото на Македонија

Post Views: 2 Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја. „На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски. Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот  и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната...

Continue reading

OPM

Средба ОПМ и давателите на јавни услуги

Post Views: 2 На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации. „Заштита на потрошувачите во доменот на услугите од јавен интерес“ беше тема на трибината што ја организираше Организацијата на потрошувачи на Република Македонија во Охрид. „Во делот на заштитата на потрошувачките права, најголем проблем граѓаните имаат со услугите од јавен интерес, без разлика дали се работи за приватни провајдери или јавни претпријатија на локално и државно ниво“, вели Татјана Тасевска од...

Continue reading

logo

За најдобрите крводарители

Post Views: 9 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на оптините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште. Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година.Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина...

Continue reading

avtobus

Групата на „Соединета Македонија“ стои зад инцидентот

Post Views: 1 Синоќа во Охрид испишани грчки автобуси. Туристите си отидоа, партиите реагираат. Синоќа пред хотелот Палас, со спреј испишани три автобуси со грчки национални ознаки.  Оштетувањето на авобусите во СВР Охрид било пријавено синоќа во 20 часот и 15 минути, од страна на нивниот македонски деловен  партнер. Стручните лица при крим-техника од СВР Охрид, по извршен увид на лице место, констатирале оштетување на автобусите, и тоа „впишани недолични зборови со спрејови во разни бои“  и  „напукната шофершајбна на еден од автобусите“. Портпаролот на СВР Охрид за ТВМ потврди,...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Министрите за одбрана во Охрид

Post Views: 2 Средбата беше добра можност делегациите на двете држави да разменат мислења за актуелните случувања во регионот.Коњановски и Окета денеска потпишаа билатерален План за соработка. На средбата присуствуваа и високи воени делегации на двете држави, предводени од началниците на генералштабовите на армиите, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски и неговиот албански колега, бригадниот генерал Максим Малај. Денешната неформална средба на двата министри е продолжување на средбата од Драч пред два месеци. Коњановски и Окета средбата ја искористија за да разменат мислења...

Continue reading

Nedjat Jakupi

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Post Views: 6 Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top