ЕУ ги укина визите за Македонија

Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона.

viza
виза

Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона.

Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора почнувајќи од 19 декември, соопшти францускиот министер за имиграција Ерик Бесон.

“Официјално соопштувам дека ЕУ донесе решение за укинување на визите за трите земји, кое  е многу важна етапа во процесот на приближување”, рече Бесон на прес конференцијата.

“Укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија ќе стапи на сила на 19 декември”, додаде Бесон.

Граѓаните на Македонија од 19 декември без визи ќе можат да патуваат во 25 од 27 држави членки на Европската унија, со исклучок на Ирска и Британија. Без визи ќе може да се патува и во Норвешка, Швајцарија, Исланд, Бугарија и Романија

Станува збор за граѓаните кои имаат биометриски пасоши, а кои на туристички или слични патувања ќе може да без виза да престојуваат највеќе три месеци, во текот на секоја половина година

Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на покана на шведскиот министер за миграциска политика Тобијас Билстром, вечерва во Брисел ќе присуствува на церемонијата по повод укинувањето на визниот режим.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top