Ден на планатата земја и местото на Македонија

Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја.

 |  Татјана Маленкова  | 
Zemja
Земја

Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја.

„На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски.

Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот  и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната една од најголемите кризи, опстаникот на планетата земја,

Рангирањето, е врз основа на индексот на еколошки резултати, направено од универзитетите Јејл и Колумбија. Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави. Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдавија.

Dejan Panoski„Најголеми закани за планетата земја доаѓаат од глобалното затоплување. Нашата земја многу малку придонесува во однос на тоа загадување меѓутоа секој од нас може да направи нешто за да го намали својот јаглероден отпечаток врз планетата“, вели Ѓоко  Зороски од еколошкото друштво Грашница.

„Години наназад работиме на подигање на јавната свест и генерално можеме да кажеме дека таа е на релативно високо ниво. Ние имаме проблем со индивидуалната еколошка свест“,вели Паноски.

Серијата на алармантни еколошки инциденти кон крајот на 60-тите години од минатиот век спонтано почна да ги групира луѓето околу идејата да го заштитат животот на планетата.

Денот на Планетата Земја за прв пат почна да се одбележува во 1970 година, од кога, според екологистите, се бележи огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми. Сепак проблемите со уништувањето на природната средина на глобално ниво  не се надминати ни оддалеку. Потврда за тоа е исчезнувањето на тропските шуми, истребувањето на многу растителни и животински видови, како и континуираното испуштање на штетни гасови во атмосферата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top