Македонија против Израел денеска на ЕП во кошарка

Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел.

 |  Крсте Голабовски  | 

Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел.

logo– Мораме да го заборавиме вчерашниот пораз од Грција и да се обидеме да останеме пред се психички силни. Шансата за победа со Израел постои. Поквалитетни сме индивидуално, а мислам дека неможе двапати по ред да не не сака шутот, изјави за МИА македонскиот крилен центар Перо Антиќ.
Нашиот денешен противник исто како Македонија синоќа стартуваше со пораз. Израелците во првото коло загубија од Хрватска со 86:79.

Во вториот натпревар во Познањ од групата А од 19:15 играат Хрватска и Грција.
Синоќа на првенството беше комплетирано првото коло во сите групи. Постигнати се следниве резултати: 
Во групата Б: Русија – Летонија 81:68 и Франција – Германија 70:65.
Денеска играат Германија – Русија од 16:30 и Летонија – Франција од 19:15.
Група Ц: Велика Британија – Словенија 59:72 и  Србија – Шпанија 66:57.
Србија – Словенија играат денеска од 18:15, а Велика Британија – Шпанија се среќаваат во 21:00.
Група Д: Полска – Бугарија 90:78 и Турција – Литванија 84:76.
Литванија – Полска од 18:15 и Бугарија – Турција од 21:15 се денешните двојки од оваа група.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top