Ознака: Makedonija

balet

Македонија се претстави на Швајцарските танц денови

Post Views: 2 Претставници од Македонија учествуваа на Швајцарските Танц Денови кои се одржаа од 22 до 25 јануари во неколку градови во Швајцарија. Учеството на Гордана Деан Поп Христова, Кире Миладиноски и Биљана Тануровска – Ќулавковски  беше поддржано од Швајцарската програма за култура во Западен Балкан, програмата за Швајцарско балканска размена и Швајцарската фондација за култура Прохелветиа во Цирих. Швајцарските Танц Денови се организираат со цел да се прикажат најновите и најдобрите продукции од Швајцарија и истите да се претстават пред бројни интернационални гости....

Continue reading

Mark Fitzgerald

Командантот на НАТО во Македонија

Post Views: 9 Командантот на Здружената команда на НАТО со седиште во Неапол, адмирал Марк Фицџералд, денеска треба да пристигне во работна посета на Македонија. Во рамки на дводневната посета, командантот на НАТО ќе има средби со државниот и армискиот врв. Командантот на НАТО претпладнево ќе биде примен од претседателот и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, а ќе има средби и со началникот на ГШ на АРМ генерал – потполковник Мирослав Стојановски.и министерот за одбрана Зоран Коњановски. Вториот ден од посетата, адмиралот Фицџералд ќе ја посети армиската Единица...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Индиските бизниси преку Македонија до европскиот пазар

Post Views: 3 Индиските бизнисмени се заинтересирани за Македонија како врата кон европскиот пазар, но им требаат дополнителни информации за можностите за инвестирање. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на синоќешната средба во Њу Делхи со претставници на индиски инвестициски фондови и на компании од автомобилскиот сектор, телекомуникациите, трговијата, туризмот и хотелиерството, ги презентира македонските бизнис потенцијали и стратешките приоритети. Милошски ги информира дека во Македонија има стабилна политичка и добра бизнис клима. Укажа на воведениот рамен данок...

Continue reading

megunaroden sud

Македонија и Грција на суд во Хаг

Post Views: 2 Претставници на Грција и Македонија денес треба да се сретнат во Меѓународниот суд за правда, во Хаг, во најновата рунда од долгогодишниот спор меѓу двете земји околу македонското име. Македонија ја тужи Грција за блокирање на зачленувањето во НАТО , што е во спротивност со билатералната спогодба што Скопје и Атина ја потпишаа во 1995. Прашањето за историското наследство на името Македонија кое покрива географска територија на двете страни од границата, стана исклучително чувствителна тема во двете земји, која ги влоши политичките односи меѓу Атина и Скопје.       {loadposition...

Continue reading

Ohrid

Македонија во подготовки за организирање на саем за туризам

Post Views: 8 Македонија интензивно се подготвува за организацијата на Меѓународен саем на туризам, кој од 17-20 јануари ќе се одржи во Охрид.             За таа цел, денеска во Скопје ќе биде презентирана програмата за претстојниот Саем и Форум за туризам.            Како што е најавено, на презентацијата ќе говорат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Стопанската комора на Македонија за туризам, туристичко-угостителската комора и други.     {loadposition content9}

Continue reading

Korita

Снег во Македонија

Post Views: 1 Вонредна временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавува врнежи од снег и пад на температурите. Според прогнозите, до понеделник ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремен снег. Се очекува да се формира снежна покривка и во некои пониски места во државата, соопшти (УХМР). Денешните температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови. Во Скопје и околината слично време со температура до 1 степен.     {loadposition content9}

Continue reading

Milco Mancevski

Промоција на „Македонија – вечна“ на Манчевски

Post Views: 20 Спотот „Македонија-вечна“ на режисерот Милчо Манчевски денеска ќе биде промовиран во Скопје, а од утре планирано е да започне неговото емитување на Си-Ен-Ен. Видеото е првото од серијата рекламни спотови за туристичка промоција на Македонија во светот. Планирано е спотот да се емитува во десетина земји на осум светски јазици. Во Музејот на современа уметност денеска ќе биде промовирана и интернет страницата за поддршка на кампањата „Македонија-вечна“ почна да се снима во октомври, на локации во Преспа, Велес, Прилеп, Крушево, Охрид, манастирот Св. Јован Бигорски, Кокино,...

Continue reading

OSCE

Македонија на Сесија на министерски совет на ОБСЕ

Post Views: 1 Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки. Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија. Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите...

Continue reading

makedonsko zname

Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба

Post Views: 26 Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод на пладне, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе биде доделена дражавната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија. Наградата за остварување во областа на науката ќе им биде врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски...

Continue reading

Ervan Fuere

Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија

Post Views: 0 Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија за прекугранична соработка во рамки на програмата ИПА, денеска ќе потпишат македонскиот вицепремиер, Ивица Боцевски и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере. Според најавите, на церемонијата на потпишувањето ќе присуствуват и бугарскиот заменик-министер за европски прашања, Искра Михајлова и македонскиот министер за локална самоуправа, Муса Џафери. Потпишување на договорот претставува почеток на имплементацијата на Оперативната програма преку распишување на повици за проектни предлози преку кои на успешните апликанти...

Continue reading

Antonio Milisoski

Македонија го призна Косово

Post Views: 8 На синоќешната прес-конференција Милошоски посочи дека наскоро ќе бидат воспоставени дипломатските односи и оти договорот за тоа ќе биде потпишан од страна на Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово. – Ова прашање воопшто не е дилема и сметам дека тоа е добар сигнал кој оди во вистинска насока, изјави тој.   „Сметам дека ваквиот чекор ќе има позитивен ефект за регионалниот развој на настаните. Овој чекор не е насочен кон трета држава и очекуваме истиот да биде разбран од официјален Белград иако цениме дека нивната позиција по однос на ова...

Continue reading

expo logo

Македонија на „Експо Реал“ во Минхен

Post Views: 0 Република Македонија од 6 до 8 октомври годинава по втор пат со свои проекти ќе учествува на меѓународниот саем за комерцијални недвижности „Експо Реал“, што секоја година се одржува во Минхен, Германија, каде на 63.000 метри квадратни изложбена површина годинава ќе се претставуваат 1.800 изложувачи од 45 држави. На саемот учествуваат општини, јавни и приватни претпријатија и други организации со инвестициски проекти од областа на комерцијалните недвижности – трговски центри, деловен простор, станбени комплекси, индустриски зони, технолошки паркови … На...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top