Ознака: Makedonija

nuklearna centrala

Нуклеарна централа во Mакедонија, да или не?

Post Views: 1 Министерството за економија го испитува пулсот на граѓаните за изградба на нуклеарна централа во земјава. Преку анкета на веб страната ги повикува да гласаат дали се за подобрување на енергетските капацитети со изградба на нуклеарка во земјава или Македонија да се вклучи во некој проект надвор од земјава или пак се против идејата за атомска централа. Од Министерството за економија велат дека целта е да земе во предвид и мислењето на граѓаните при носење одлука за изградба на ваков стратешки објект. По оваа анкета ќе следи уште една професионална што ќе ја спроведе агенција....

Continue reading

Zak Baro

За Жак Баро сме „Северна Македонија“

Post Views: 0 Потпретседателот на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.  На состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, не беше донесена ниту одлука,  ни заклучоци по прашањето за визната либерализација. Тоа беше само можност за запознавање со извештаите на Европската комисија за секоја земја посебно. Словенија, по чие барање беше отворено ова прашање, се залaга за индивидуален пристап, додека еврокомесарот за правда и внатрешни...

Continue reading

karta

Меѓугранична соработка Македонија-Албанија

Post Views: 1 Програма за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Албанија, финансирана од Европската унија (ЕУ), денеска официјално започнува, соопштено е во Скопје. Целта на Програмата е промоција на одржлив развој во меѓуграничниот регион меѓу двете држави и подобрување на социјалната и економска ситуација на популацијата. Програмата, што промовира и партнерство меѓу локалните заедници, цивилното општество и бизнисот, е финансирана од ИПА фондовите со буџет од 680 илјади евра. Според најавите, на промоцијата ќе присуствуваат евроамбасадорот Ерван Фуере и министерот за локална...

Continue reading

Fatmir Sejdiu

Косовскиот претседател ја откажа посетата на Македонија

Post Views: 0 Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ја откажа посета на Македонија, предвидена за денеска, соопшти синоќа неговиот кабинет. Причина за откажувањето, како што соопшти кабинетот на Сејдиу, е што македонската страна го променила карактерот на посетата од официјална во работна. Кабинетот на македонскиот претседател синоќа изрази „жалење за неостварувањето на средбата“ меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. „Претседателот на Македонија е цврсто посветен на развивањето добри билатерални односи со соседите, како и на развојот...

Continue reading

pasosi

Македонија доби високи оценки од ЕК

Post Views: 13 Македонија доби високи оценки во извештајот на Европската комисија за подготвеноста на земјите од Западен Балкан за нивна визна либерализација. Според информациите, Македонија добила високи оценки во извештајот, структуриран од неколку блока, кој што е доставен до амбасадорите на земјите членки на ЕУ. Највисоки оценки Македонија добила во делот на безбедноста на личните документи и фундаменталните права, додека една пониска оценка добила на полето на реадмисијата и нелегалната миграција и јавниот ред и безбедност. Изворите посочуваат дека конечната одлука за тоа дали...

Continue reading

logo

Македонија ги исполни условите за укинување на визите

Post Views: 0 Македонија ги исполни условите за укинување на шенгенските визи за нејзините граѓани, додека во случајот со Србија се појавија „определени тешкотии“, јавува Би Би Си. Aнонимни европски дипломати, на кои се повикува Би Би Си, изјавија дека во извештајот на Европската комисија што веќе и е предаден на Чешка, како претседавач на ЕУ, Комисијата во Брисел заклучила дека само Македонија ги исполнила сите услови за визна либерализација. Од другите земји во регионот се вели дека Црна Гора, исто така, би можела да биде вклучена во „белата листа“ на земји чии граѓани патуваат...

Continue reading

Gorge Ivanov

Ѓорге Иванов и официјално ja презема функцијата претседател на Република Македонија

Post Views: 29 Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и официјално ќе биде инаугуриран за нов шеф на државата. Според најавите, досегашниот претседател Бранко Црвенковски придружуван од гардата, ќе го пречека Иванов пред Собранието на Република Македонија и заедно ќе влезат во пленарната сала. Сценариото за седницата предвидува таа да почне напладне со интонирање на македонската химна, по што Иванов ќе даде изјава пред Собранието, со која ќе се обврзе дека во наредните пет години совесно и одговорно да ја води државата. По давањето заклетва, новиот...

Continue reading

Vuk Јeremic

Вук Јеремиќ во посета на Македонија

Post Views: 1 Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија. Јеремиќ ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Милошоски и Јеремиќ, како што е најавено, ќе потпишат Протокол за соработка во областа на дипломатската едукација. Двајцата министри ќе ги разгледаат и можностите за отворање нови гранични премини меѓу Македонија и Србија. Посетата на шефот на српската...

Continue reading

prase

Во Македонија нема свински грип

Post Views: 3 Македонските здравствени власти го отфрлија сомнежот за евентуално присуство на новиот – свински грип во земјата, откако се покажа негативен тестот извршен врз едно лице, кое превентивно беше задржано в болница. Портпаролот на министерството за здравство, Даниела Алексоска за Макфакс рече дека е направен тест, што излегол негативен и оти пациентот, кој немал грип од типот А е пуштен на домашно лекување. Македонските здравствени власти соопштија дека лицето, кое од Италија преку Бугарија пристигнало во земјата, било превентивно е задржано на Инфективната клиника...

Continue reading

zname

Министерска посета на ОАЕ на Македонија

Post Views: 7 Министерката за надворешна трговија на Обединетите Арапски Емирати Шеика Лубна Бинт Калид Ал Казими, во рамки на нејзината турнеја низ европските земји, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Посетата има за цел унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, пред се соработката на стопански план, како и соработката во други области од зеднички интерес на двете земји. За време на посетата  Ал Казими ќе се сретне со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, со министерот за економија Фатмир Бесими и со министерот за животна...

Continue reading

prase

Забрана за увоз на свињи

Post Views: 1 Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип. Ова вчера на прес конференција го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски. „Постојано ја следиме ситуацијата и контактираме со Светската ветеринарна организација. Доколку Европската комисија донесе какви било мерки за заштита од свинскиот грип, ќе ги следиме препораките“, рече Спасеноски. Според надлежните служби, вирусот на свински грип може да...

Continue reading

akcelerator

Македонија влегува во проектот на ЦЕРН

Post Views: 2 Висока владина делегација од Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Женева, Швајцарија каде ќе биде потпишана Спогодба за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН). Спогодбата ќе овозможи соработка со ЦЕРН и воспоставување на една рамка со која долгорочно ќе се осигура можноста за учество на Македонија во истражувачките проекти на ЦЕРН, поврзани со научна и техничка соработка на полето на физиката. Македонија преку јавните Универзитети ќе има можност за учество во истражувачките проекти на ЦЕРН во областа на експерименталната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top