Ѓорге Иванов и официјално ja презема функцијата претседател на Република Македонија

Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и официјално ќе биде инаугуриран за нов шеф на државата.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Новоизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и официјално ќе биде инаугуриран за нов шеф на државата.

Според најавите, досегашниот претседател Бранко Црвенковски придружуван од гардата, ќе го пречека Иванов пред Собранието на Република Македонија и заедно ќе влезат во пленарната сала.

Gorge IvanovСценариото за седницата предвидува таа да почне напладне со интонирање на македонската химна, по што Иванов ќе даде изјава пред Собранието, со која ќе се обврзе дека во наредните пет години совесно и одговорно да ја води државата. По давањето заклетва, новиот претседател ќе го има својот прв говор во Парламентот.

На чинот на инаугурација ќе присуствуваат и премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници…
По свечената седница ќе има коктел во Кристалната сала, по што ќе следува и „претседателското кафе“ на новиот претседател Иванов и досегашниот Црвенковски.

Официјалната церемонија ќе ја следат и неколкумина странски државници, меѓу кои и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со кои по инаугурацијата новиот макеоднски претседател ќе има билатерални средби.
Поради присуството на странските државници денеска во Скопје ќе биде воведен посебен безбедносен и сообраќаен режим. Од 11 до 14 часот ќе биде целосно затворен булеварот „11 Октомври“ пред Собранието, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Ѓорѓе Иванов ќе биде четврти претседател на Република Македонија. За разлика од неговите претходници Киро Глигоров, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, петгодишниот мандат ќе го почне во новите работни простории што се наоѓаат во вилата „Анекс“ на Водно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top