Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија за прекугранична соработка во рамки на програмата ИПА, денеска ќе потпишат македонскиот вицепремиер, Ивица Боцевски и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.

Според најавите, на церемонијата на потпишувањето ќе присуствуват и бугарскиот заменик-министер за европски прашања, Искра Михајлова и македонскиот министер за локална самоуправа, Муса Џафери.
Потпишување на договорот претставува почеток на имплементацијата на Оперативната програма преку распишување на повици за проектни предлози преку кои на успешните апликанти ќе им се доделуваат грантови за поддршка на активности во области како: подобрување на животниот стандард, намалување на невработеноста, придонес кон локалните стопанства и стимулации на инвестиции во инфраструктурата.
Вкупниот износ на помошта од ИПА за оваа програма изнесува 6.5 милиони евра.
Пред потпишувањето на Финансиската спогодба, вицепремиерот Боцевски ќе оствари средба со заменик-министерот Михајлова во Крива Паланка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град