Ознака: film

Lord of the rings

Кинески Господар на прстените ќе се снима во Македонија!?

Post Views: 3 Доколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година Трилогија од кинеската митологија ќе биде снимена во Македонија. За време не Канскиот филмски фестивал, македонскиот Филмски фонд разговарал со кинески продуценти кои биле заинтересирани да направат сцени во земјава. -Најсериозна е компанијата која се спрема да снима трилогија од кинеската митологија, или, како што кажа продуцентот кинески “Господар на прстените”. Филмот сакаат да го продуцираат и со компанијата “Сони”, но се уште се е на база на разговор....

Continue reading

senki

„Пред дождот“ на ДВД во Бразил ; „Сенки“ премиерно на јавниот ТВ сервис во Германија

Post Views: 0 Македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски деновиве е издаден на ДВД во Бразил, една од земјите каде што филмот беше хит кога се појави пред 15 години, соопшти продукцијската куќа „S press“. Премиера во Бразил „Пред дождот“ имаше со победата на фестивалот во Сао Пауло во 1994, која следеше во низата награди по освојувањето на Златниот лав во Венеција 1994. Од пролетта 1995 „Пред дождот“ повеќе од една година играше на редовниот кинорепертоар во целата земја. На неколку критичарски листи во Бразил тогаш беше вброен меѓу десетте најдобри филмови на годината,...

Continue reading

Ristanoski

Никола Ристановски снима филм во Подгорица

Post Views: 8 „Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица. Филмот е во продукција на Догма студио и Горатон од Црна Гора и Кавал филм од Скопје, а како ко-продуцент се јавува и продуцентската куќа А-Аталанта од Словенија. „Малиот бог на љубовта” е поддржан од Министерството за култура, спорт и медиуми на Црна Гора, а Филмскиот фонд на Македонија на последниот конкурс, за овој филм одобри средства во висина од три милиони денари. Во проектот се ангажирани голем број македонски филмски...

Continue reading

Недела на македонскиот филм во Хрватска

Post Views: 0 Од денеска до 29 март во Хрватска ќе се одржува Недела на македонскиот филм, во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни и пет краткометражни филмови. Проекциите ќе бидат во кино „Тушканац“ во Загреб и во „Арт кино Кроација“ во Риека. На програмата се играните „Како лош сон“ на Антонио Митриќески (2003), „Тетовирање“ на Столе Попов (1991), „Време, води“ на Бранко Гапо (1980), „Илузија“ на Светозар Ристевски (2004) и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски (1994). Покрај нив, ќе бидат прикажани и три документарни филма – избор филмови на браќата Манаки, снимени 1905 –...

Continue reading

King`s speach

Оскари 2011: Го крунисаа кралот

Post Views: 1 Приказната за кралот кој ги надмина проблемите со говорот за да го води својот народ низ Втората светска војна, ги собра најголемите награди на 83-те Оскари. Во Кодак театарот во Холивуд, The King’s Speech освои награда за најдобар филм, најдобар машки актер, најдобар режисер и најдобро оригнално сценарио.Приказната за студентот кој го создаде Фејсбук, ги изгуби сите “големи” награди, но сепак освои три Оскари. The Social Network е прогласен за филм со најдобра музика, најдобра монтажа и најдобро адаптирано сценарио. Натали Портман, која глумеше балерина...

Continue reading

luge na kino

Документарецот „Име си е име“ премиерно во Вашингтон

Post Views: 0 Во докумнтарецот, чиј продуцент е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата А-Ха, Мортен Харкет, исландскиот патеписец Ејнарсон ги прикажува убавините на Македонија, но тој ја согледува и вистината за земјата преку нејзините луѓе и нејзиното историско, културно и природно наследство. Фокусот на филмот е на тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име.Премиерата на филмот е помогната од Обединетата македонска дијаспора, организацијата на Македонците во САД. Се очекува на проекцијата во Центарот на еврејската заедица,...

Continue reading

Piperkoski Ilija

Режисерот Илија Пиперкоски годинава со полни раце работа

Post Views: 29 Пиперкоски во 2011 год. со гордост најавува дека ќе работи на својот  дебитански игран филм. Младиот охридски режисер Илија Пиперкоски годинава го очекуват многу работа и ангажмани. „На крајот од месец јуни и почеток на јули договорено е снимање на среднометражен филм за кој режисер и извршен продуцент сум јас, а сценариото е од колеги од Романија“, вели Пиперкоски.                                    Станува збор за првата хорор приказна која ќе се снима во земјата на грофот Дракула, Романија. Во моментов Пиперкоски е асистент кај еден режисер со Македонско потекло,...

Continue reading

logo

„Високи остварувања од ниската земја“

Post Views: 8 Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“. Традиционалните, длабоки и втемелени врски се основа за организацијата на овој фестивал, кој ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона, вели Тони Тунтев, заменик на градоначалникот на Охрид. Холандскиот филмски фестивал е замислен како ротирачки фестивал, чија појдовна точка е Охрид. Истиот има за цел да ја анимира публиката...

Continue reading

logo

Заврши второ издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид

Post Views: 3 Шарл Азнавур замина од Охрид трогнат од македoнската песна „Јовано, Јованке“. Со доделувањето на „Златната маска“ за животно дело на Шарл Азнавур и прикажување на филмот „Такси за Тобрук“,  во кој една од главните улоги ја толкува тој , заврши второто издание на Фестивалот на Француски филм во Охрид. Славниот француски актер и шансионер , Азнавур замина од Охрид трогнат од македонската песна „Јовано, Јованке“ која ја интерпретираше Тања Царовска. Хармонијата на песната ми е блиска со хармонијата на песните од мојот крај , од моите корени искрено призна  Азнавур пред...

Continue reading

otvoranje

Второ изданиe на фестивалот на францускиот филм во Охрид

Post Views: 0 Започна второто издание на Фестивалот на Францускиот  филм  во Охрид со проекцијата на филмот „Добредојде“ на режисерот Филип Лиоре. Пред голем број почитувачи на филмската уметност и гости од Франција фестивалот за отворен го прогласи министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. Таа меѓу другото напомена дека овој фестивал е продлабочување на врската помеѓу македонската и француската филмска кинематографија, размена на идеи и искуства, како и запознавање со културите и разноликостите помеѓу двете земји. Францускиот амбасадор во земјава, Бернар Валеро смета дека...

Continue reading

logo

Филм на Коста Гаврас ќе го отвори годинешниот, Фестивал на францускиот филм

Post Views: 1 Со филм на познатиот режисер Коста Гаврас, на 28 јуни, ќе се отвори годинешното, второ по ред издание на Фестивалот за француски филм во Охрид. Станува збор за последното дело на Гаврас, филмот „ Западно од рајот“ . Во текот на петте дена, колку што ќе трае фестивалот, љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат селекција на над 12 проекции од најновата француска продукција. Меѓу нив се и филмовите: Серафин на Прувост, лауреатот на наградата ЦЕзар во 2009, Последниот ден од остатокот на твојот живот на Безансон. Постои можност охридската публика да...

Continue reading

ikonsotas

Јапонците ќе гледаат документарен филм за црквата Св Никола

Post Views: 8 Јапонците ќе гледаат документарен филм за црквата Св Никола, од долна Влашка маала. Црквата Св Никола е поврзана со ѓраѓаните на Охрид, Во тоа се уверив на лице место, вели продуцентот на филмот. Документарен филм за Црквата СВ Никола, во долна влашка маала, ќе се емитува на националната Јапонска телевизија НХК. „За Охрид имаме слушано многу.„ Најмногу ме инспирираше тоа што овој град уште го викаат и балкански ерусалим. Слушнавме и дека во него има 365 цркви. Изненадува фактот што и покрај кризата храѓаните прават се оние храмови кои се затворени повторно да ги возобноват“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top