Ознака: film

Три награди на Sundance Film Festival 2019 за македонскиот документарец „Медена земја“

Post Views: 8 Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) ја освои главната награда од стучното жири (Grand Jury Prize) на Sundance Film Festival 2019 во конкуренцијата за документарни филмови од светот (World Cinema Documentary Competition). Покрај главната награда филмот освои уште две награди во истата конкуренција: специјална награда за фотографија (Special Jury Award for Cinematography) и специјална награда за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Продуцент на филмот е Атанас Георгиев, режијата е на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, а директори...

Continue reading

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

Post Views: 2 На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...

Continue reading

logo

Од денес започнува фестивалот на краток филм “Кота 2023”

Post Views: 2 Од денеска, па се до недела во просториите на Кинотека на Република Македонија, ќе се случува првото издание на фестивалот „Кота 2023“. Како дел од главната програма на на фестивалот кој ќе се одржува во престојната недела ќе бидат прикажани 143 кратки филмови од интернационален карактер, но од нив има неколку македонски. Додека, во дополнителната програма прикажани 20-ина македонски филмови кои не влегоа во главната програма, а таа ќе се случува во сабота и во недела и влезот за неа е бесплатен. Фестивалот е компетитивен и за секоја од четирите категории ќе биде доделена...

Continue reading

logo

Македонскиот анимиран филм „Внатре“ премиерно на 15. Сараевски филмски фестивал

Post Views: 6 Краткиот анимиран филм „Внатре“ на македонскиот режисер Иван Ивановски денеска премиерно ќе биде прикажан на 15-тото издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Внатре“ ќе биде дел од натпреварувачката програма за краток филм. Трае осум минути и е изработен во техника на стоп-анимација.Режисерот Ивановски ги изработи и сценариото, сценографијата, фотографијата и анимацијата за филмот. Извршен продуцент на „Внатре“ е Виолета Качакова, а монтажата на Доријан Миловановиќ. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Фестивалот на холански филм продолжува

Post Views: 5 Долгометражниот филм „Сина птица“ и краткиот филм „Патување низ ноќта“ ќе бидат прикажани вечерва во Охрид во рамки на холандскиот филмски фестивал „Високи достигнувања од ниската земја“. „Сина птица“ е филм во режија на Мијке де Јонг. Филмот е добитник на многу награди дома, но исто така беше номиниран како холандски претставник за Оксар во 2006 година и селектиран за престижните филмски фестивали во Торонто, Монтреал и добитник е на Стаклена мечка на Берлинскиот филмски фестивал. В недела, последниот ден од холандскиот филмски фестивал, во дворното место пред дирекцијата...

Continue reading

Cinedays

Почнува седмиот Фестивал на европскиот филм „Синедејс“

Post Views: 7 Францускиот филм „Клас“ на режисерот Лорен Канте, кој годинава на Канскиот фестивал ја освои Златната палма, вечер во 20 часот и 30 минути во киното „Фросина“ ќе го отвори седмото издание на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ (CinEdays 2008). Под мотото „Гледајте филм“, Фестивалот ќе трае до 19 декември и ќе прикаже 20 светски филмски премиери од 17 европски земји. Програмата е поделена во три програмски целини – главна програма, програма надвор од конкуренција или гала премиери и регионалната програма „Балкан линк“. Годинава четвртата програма е посветена...

Continue reading

kevin Costner

Кевин Костнер му претстави на Конгресот план за чистење на нафтената дамка

Post Views: 6 Американскиот актер Кевин Костнер го претстави пред американскиот Конгрес својот план за чистење на нафтената дамка во Мексиканскиот Залив. Познатиот актер пред конгресниот Одбор задолжен за истражување на причините на најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД вчера ја претстави технологијата на својата компанија, која се занимава со производство на машини за чистење на нафтени дамки, преку процес на одвојување на нафтата од водата, пред таа да стигне до брегот. Костнер на патентот за таа машина и за нејзиното производство, на кое работел заедно со својот...

Continue reading

Второ издание на „Beach Film Festival“

Post Views: 5 Од 18-ти до 21-ви јули, на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи второто издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival. BEACH FILM FESTIVAL претставува интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. BEACH FILM FESTIVAL претставува прв од ваков вид во Македонија, кој со својот иновативен концепт се издвојува се од досегашните фестивалски стандарди. Она што го прави уникатен е, пред се, локациите кои ги избравме за нашите филмски проекции...

Continue reading

Филм на бродот „Галеб“ на вториот ден од Beach Film Festival во Охрид

Post Views: 1 Летен филм на брод на Охридското Езеро – уникатно звучи новитетот што ќе се случи на вториот ден на „Beach Film Festival“. Денеска сите заинтересирани ќе можат да го гледаат данскиот филм “Holiday” на  бродот  “Галеб”, кој во 22 часот ќе тргне од Охрид и ќе плови кон плажата Оревче.Критичарите го опишуваат “ Holiday” како моќен филм што не е препорачлив за претпазливите и оние со слабо срце. Прикажува една од највознемирувачките сцени на силување во западната кинематографија раскажувајќи ја приказната за една млада девојка вплеткана во канџите на дански гангстер за време...

Continue reading

Започнува фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“

Post Views: 0 Од денес до 22-ри јули Охрид ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот на нов европски филм „Beach film festival“. Главната програма на фестивалот ќе се реализира на плажата „Оревче“.Вечерва, првата фестивалска вечер ќе започне со проекција на хрватскиот филм „Осмиот комесар“ во 21:00 часот, на која ќе присуствува и режисерот на овој филм, Иван Салај. Филмот преставува екранизација на истоимениот роман на Ренато Баретиќ. Новитет на филмските фестивали, барем во Република Македонија, е тоа што на втората фестивалска вечер, во петок, на 20-ти јули, посетителите ќе...

Continue reading

Ohrid Film Fest прв интернационален фестивал на ангажиран филм во Охрид

Post Views: 0 Со проекцијата на филмот „Од другата страна“ на српскиот актер и копродуцент во филмот, Лазар Ристовски, ќе започне новата филмска бајка за охриѓани, но и за сите љубители на филмот. На 10ти јуни ќе биде означен почетокот на првото издание на новиот интернационален филмски фестивал кој ќе се случува во Охрид, наречен едноставно, Ohrid Film Fest. Овој прв филмски фестивал после случувањата со Францускиот филмски фестивал ќе работи исклучиво со ангажирани филмови, било тоа да се политички, социјално или уметничко ангажирани. Ohrid Film Fest воедно во фокусот ќе ги стави...

Continue reading

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 8 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. „Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top