Недела на македонскиот филм во Хрватска

Од денеска до 29 март во Хрватска ќе се одржува Недела на македонскиот филм, во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни и пет краткометражни филмови. Проекциите ќе бидат во кино „Тушканац“ во Загреб и во „Арт кино Кроација“ во Риека.

 |  Маја Савиќ  | 

Од денеска до 29 март во Хрватска ќе се одржува Недела на македонскиот филм, во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни и пет краткометражни филмови. Проекциите ќе бидат во кино „Тушканац“ во Загреб и во „Арт кино Кроација“ во Риека.

mirage

На програмата се играните „Како лош сон“ на Антонио Митриќески (2003), „Тетовирање“ на Столе Попов (1991), „Време, води“ на Бранко Гапо (1980), „Илузија“ на Светозар Ристевски (2004) и „Пред дождот“ на Милчо Манчевски (1994). Покрај нив, ќе бидат прикажани и три документарни филма – избор филмови на браќата Манаки, снимени 1905 – 1911 година,  „Песја пена“ на Благоја Ристески – Платнар (2002) и „Дае“ на Столе Попов (1979), анимираниот „Рака“ на Дарко Марковиќ (1980) и краткиот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов (2003).

bifore the rain

Претставувањето на националната кинематографија е организирано од Кинотеката на Македонија со поддршка на Министерството за култура на РМ, а се реализира со Хрватскиот филмски архив и Хрватскиот филмски сојуз.

На покана на Филозофскиот факултет во Загреб, Катедра за македонски јазик и книжевност, ќе биде одржано и предавање на тема „Интермедијалните односи помеѓу македонската книжевност и филм“ од Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија.

– Во Кинотеката на Македонија во мај возвратно ќе биде претставена ретроспективна селекција на хрватската кинематографија со што ќе зајакнат и ќе се продлабочат врските помеѓу двете институции на полето на заедничката соработка и на полето на реставрацијата на филмското наследство, соопшти  Кинотеката на Македонија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top