Документарецот „Име си е име“ премиерно во Вашингтон

Во Вашингтон денеска ќе се одржи премиера на филмот „Име си е име”,посветен на спорот за името со Грција.

 |  Маја Савиќ  | 
luge na kino
луѓе на кино

kinoВо докумнтарецот, чиј продуцент е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата А-Ха, Мортен Харкет, исландскиот патеписец Ејнарсон ги прикажува убавините на Македонија, но тој ја согледува и вистината за земјата преку нејзините луѓе и нејзиното историско, културно и природно наследство. Фокусот на филмот е на тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име.
Премиерата на филмот е помогната од Обединетата македонска дијаспора, организацијата на Македонците во САД. Се очекува на проекцијата во Центарот на еврејската заедица, да присуствуаат политичари, претставници од американскиот Конгрес и на дипломатскиот кор, како и Македонци кои живеат во Вашингтон, како и гости од Исланд, Норвешка и Велика Британија.
Ејнарсон преку нарација и непосредни контакти и разговори со луѓе во Македонија, најчесто по случаен избор, во 48-минутниот документарец на ненаметлив начин се обидува да понуди одговор на прашањето за името и општ е впечатокот дека тоа многу вешто му успева
Авторите очекуваат дека филмот ќе има позитивно влијание на политичарите, што донесуваат одлуки ширум светот и оти ќе ја запознае пошироката светска јавност со оваа неправда.
По прикажувањето на филмот, најавена е панел дискусија со продуцентот Џејсон Мико и режисерот Сигурјон Ејнарсон.
Првата презентација на „Име си е име“, што требаше да се одржи во резиденцијата на амбасадорот на Исланд во Вашингтон, минатата година во ноември, беше откажана по силниот притисок на високи грчки дипломати.
Тие на исландскиот амбасадор му пренеле дека Грција ќе направи се за да го блокира пристапувањето на неговата држава во Европската унија доколку дозволи да се прикаже филмот.

Веста е преземена:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=119367

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top