„Пред дождот“ на ДВД во Бразил ; „Сенки“ премиерно на јавниот ТВ сервис во Германија

Филмовите на најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски продолжуваат да бидат актуелни во светот.

 |  Маја Савиќ  | 
senki
сенки

senkiМакедонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски деновиве е издаден на ДВД во Бразил, една од земјите каде што филмот беше хит кога се појави пред 15 години, соопшти продукцијската куќа „S press“.

Премиера во Бразил „Пред дождот“ имаше со победата на фестивалот во Сао Пауло во 1994, која следеше во низата награди по освојувањето на Златниот лав во Венеција 1994.

Од пролетта 1995 „Пред дождот“ повеќе од една година играше на редовниот кинорепертоар во целата земја. На неколку критичарски листи во Бразил тогаш беше вброен меѓу десетте најдобри филмови на годината, а беше тема и на академски есеи на бразилските универзитети. Подоцна во Бразил беше издаден и на видео.

Ова е уште едно големо признание за деби филмот на Манчевски. Имено, пред две години во САД угледниот американски издавач „Крајтирион“ го издаде „Пред дождот“ на ДВД рамо до рамо со Бергман, Куросава и други великани, па така го вброи меѓу светските класици.

Последниот филм на Манчевски, пак, „Сенки“, ќе има премиера на јавниот ТВ сервис во Германија. Како што најавува Каналот БР во брошурата за филмската програма, на јавниот сервис „Сенки“ ќе игра на 23 мај.

Ова доаѓа по ланската премиера на „Сенки“ на Арте, најпрестижниот културен ТВ канал во Европа. Филмот пред три години ја имаше светската премиера на фестивалот во Торонто, а покрај на десетици фестивали играше на редовниот репортоар во кината во Мексико, САД, Индија, Унгарија, Романија, Турција, Јужна Кореја, Грција и во голем дел од Европа, на Балканот и Јужна Америка.

На крајот на минатата година трите филма на Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“ во Македонија се издадени во луксузен ДВД сет со голем досега необјавен екстраматеријал. ДВД трилогијата која прв пат може да се купи и во Македонија ја издаде „Манаки филм“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top