Ознака:

„Живеј здраво – Живеј безбедно“ проект за враќање на духот на детските игри

Post Views: 6 Денес детскиот џагор го исполни градскиот парк на „Кејот Македонија“.  Учениците од сите основни училишта од Охрид екипно групирани се натпреваруваа во повеќе тимски игри, сијамски близнаци, итрата лисица, жонглирање, петлица, вешт келнер и влечење јаже.  Согласно развојната програма за образование и годинава општина Охрид во соработка со СВР, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“ , го реализираа проектот „Живеј здраво – Живеј безбедно“. Заменик градоначалникот Ангел Јанев вели дека за пороците како што се алкохолот, дрогата и цигарите постојано се зборува, се одржуваат...

Continue reading

pat

Пуштен во употреба реконструиран локалниот патен правец Вапила – Ливоишта

Post Views: 1   Охридските села  Ливоишта и Вапила се поврзаа со реконструиран,  асфалтиран пат во должина од 2 километри и проширен 1 метар. Вкупната вредност на реализираниот проект од  Локалната самоуправа е во износ од 8 милиони денари. Средствата се обезбедени  од Агенцијата за финансиска поддшка за руралниот развој на РМ , проект изработен од општина Охрид, посочи при свеченото пуштање на патниот правец градоначалникот Никола Бакрачески. „ Свеченото пуштање на проектот  е дел од нашиот проект за убавите охридски села какви што се Ливоишта и Вапила. Продолжуваме со програмата...

Continue reading

линија

Со бродската линија Охрид – Поградец за две година во летната сезона патувале околу 3000 патници

Post Views: 0 Бродовите на релација  Охрид- Поградец наскор ќе пловат со отварење на привремениот граничен премин кај Св Наум. Сите охридски бродови се подготвени и технички исправни за стратот на новата сезона. Бродовите  имаат одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на  Капетанија на пристаништата-Охрид. Капетаното напоменува дека двегодишното искуството од возењето на бродската линија на ова релација покажува дека е најатрактивна за странците, а помалку привлечна за охриѓани. „ Првата година да,  втората помалку. За македонците...

Continue reading

Промоција на нов проект: „Декада на припадност – Славење на различностите“

Post Views: 0   Промовиран новиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“. Овој проект наредниве три години ќе го работат активистите на Локалната агенција за развој од Струга, а како нивен партнер се јавува Граѓанската организација „Креативни и активни“, исто така од Струга. Целта е да се подобрат меѓуетничките односи во југозападниот регион преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор, вели Катерина Василеска, проектниот менаџер. „Сакаме сите различни етникуми, различни заедници кои што живеат во регионов да ги споиме...

Continue reading

Охридско Езеро – извор на питка вода од кој може да зависиме во иднина

Post Views: 3 До средината на овој век пристапот до вода за пиење ќе биде сериозен предизвик за голем дел од светската популација. Водата како ограничен ресурс ќе станува подрагоцена од нафтата. Неопходно е постојано истражување, следење и заштита на изворите на вода и нивна правилна експлоатација. За охридскиот регион, впечатокот кај граѓаните е дека лежи на вода и никогаш не може да се соочи со недостаток.  Како изворишта на вода се користат: Билјанини Извори, подземна вода од Беј Бунар, Летнички И звори од Рамне, извор Св.Илија од Велгошти, подземна вода во близина на Коселска...

Continue reading

Денес се одбележува Свети Апостол Павле – Павловден

Post Views: 0 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден. Апостолот Павле во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа...

Continue reading

emo

Згрижување на преостанатите стотина вработени во ЕМО во некои од државните компании – побараа од синдикатот

Post Views: 2 Останатите стотина вработени во АД ЕМО да бидат згрижени во некои од државните компании-побараа од синдикатот на некогашниот охридски гигант. За конечно надминување на нивната ситуација, побараа останатите стотина вработени да добијат еднаков третман како и педесетината довчерашни вработени во ЕМО кои неодамна склучиле договор за вработување во државната МЕПСО. Тие уште еднаш побараа исплата на четириесетина заостанати плати, како и придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Меѓу другото, велат дека ќе побараат и соодветни одговори од Народниот правобранител околу...

Continue reading

logo

Превенирај го хепатитот – од тебе зависи

Post Views: 8 Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го Утре се одбележува 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!,  предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга. и тоа: 1. вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар...

Continue reading

Од денеска престанува да важи одлуката за забрана и посебен режим на движење – Останува задолжителното носење заштитна опрема, миење на раце и одржување на потребната дистанца

Post Views: 2 Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија. Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превемените мерки дадоа одредени резултати. Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските...

Continue reading

УНЕСКО е заштитен знак на охридско – струшкиот регион, децидни се стручњаците

Post Views: 0 Ова беше заклучокот од синоќешната панел дискусија на експерти, индивидуалци, здруженија на граѓани и претставници на институции во рамки на креативната иницијатива “УНЕСКО на дланка”, на Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и нивниот партнер, Националниот младински совет на Македонија. Професор доктор Трајче Талевски од хидробиолошкиот завод од Охрид вели споделува дека целата убавина, ендемизам, карактеристиките на растителниот и животинскиот свет придонесоа Охридското езеро веднаш...

Continue reading

20 мај – Ден на пожарникарството во Македонија

Post Views: 7 Денес пожарникарите го одбележуваат нивниот ден. На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред. Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење на пожар во згради, возила, шуми и слично. Лицата кои го прават тоа се нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да го заштитат општеството, животите и имотот од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо ниво на тренинзи. Првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година.

Continue reading

Толерантно кафе во рамки на проектот “Низ една призма – сите сме исти”

Post Views: 13 “Исламот, римокатоличкото и православното христијанство промовираат исти вредности на љубов, мир, толеранција, разбирање и меѓусебно почитување” е заклучокот од толерантното кафе кое 25 млади луѓе, средношколци, студенти, професори и раководители на институции го испија вчера со претставници од Исламската Верска Заедница, Римокатоличката црква и Македонската православна црква, во ресторанот “Белведере” на кејот “Македонија”. Настанот беше во реализација на здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” од Охрид....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top