Пуштен во употреба реконструиран локалниот патен правец Вапила – Ливоишта

Пуштен во употреба реконструиран  локалниот патен правец Вапила – Ливоишта.

 |  Валентина Неловска  | 
pat

 

Охридските села  Ливоишта и Вапила се поврзаа со реконструиран,  асфалтиран пат во должина од 2 километри и проширен 1 метар. Вкупната вредност на реализираниот проект од  Локалната самоуправа е во износ од 8 милиони денари. Средствата се обезбедени  од Агенцијата за финансиска поддшка за руралниот развој на РМ , проект изработен од општина Охрид, посочи при свеченото пуштање на патниот правец градоначалникот Никола Бакрачески.

pat„ Свеченото пуштање на проектот  е дел од нашиот проект за убавите охридски села какви што се Ливоишта и Вапила. Продолжуваме со програмата за рамномерен развој на општината Охрид во секој нејзин дел, во селата  и на периферијата,  во центарот  на Охрид.  Тука сме да го означиме проктот кој придонесува за развој на селските средини“, истакна при свеченото пуштање на локалниот патен правец, градоначалникот Никола Бакрачески.

Покрај овој локален патен правец, минатата година се рекоструира  и патниот правец Вапила – Сирула во должина од 1700 метри и 2700 метри на осум улички во село Косел. Иванчо Ангелоски, претседател на месната заедница од Ливоишта, кажа дека за жителите  од овие рурални средини  асфалтниот пат има големо значење.

pat

„ За нашето место подобрата инфраструктура значи дека ќе може да се доселуваат оние кои заминале и да не се одселуваат жителите   бидејќи ние сме на само 12 километри од Охрид и да може да останеме тука“, порача Ангелоски.

Локалната самоуправа има во план да го реконстрира и локалниот патен  правец кој ги поврзува  Косел и Вапила.

Во охридските села  Вапила и Ливоишта живеат  околу 300 жители. Има подрачно основно училиште „Ванчо Николески“ во кое има ученици од 1 до 4 одделение. Пред две години е реконструирана и училишната  зграда.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top