Ознака:

Санкт Петербург – Скопје

Денеска стартува летот Санкт Петербург – Скопје

Post Views: 15 Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник. По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз. На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва...

Continue reading

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Post Views: 28 Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор. “Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”. Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му...

Continue reading

Силен земјотрес во Медитеранот

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Според геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Според европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема информации за повредени лица или евентуална штета. Погледнете го видеото на следниот линк

Continue reading

Честит и вечен 8 Септември – Денот на самостојна и суверена Македонија

Post Views: 1 На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава. На гласањето, според официјалните податоци од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен...

Continue reading

Почнува изградбата на 400-киловолтниот далновод Битола – Елбасан

Post Views: 2 Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8. Како што соопшти владината прес-служба, на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди...

Continue reading

Никој не може да добие ковид од вакцината – во неа нема жив и активен дел од вирусот

Post Views: 8 Постот е поткрепен со неколку фотографии, од кои во едната се тврди дека преку ковид вакцината девојче добило СИДА и дека вакцината го уништува имунолошкиот систем. Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот. ХИВ и ковид се различни, начинот на којшто се пренесува ковид, не е начин на кој се пренесува ХИВ. Од вакцина против ковид не може да добиете СИДА. Всушност, преку вакцината не може да добиете ниту ковид, тоа е од самиот почеток објаснето на веб-страницата за вакцинација...

Continue reading

Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за сатиричен пост. Тоа е една од целите на проверката на факти на Фејсбук – да ги образложи и оние постови за кои не е веднаш јасно дека се сатирични и за кои се смета дека во себе содржат капацитет да бидат буквално сфатени од некои корисници. А, дека тоа е можно се забележува и од коментарите, при...

Continue reading

Расправија за Меси – Роналдо добила трагична димензија

Post Views: 6 Веројатно нема фудбалски вљубеник кој не учествувал во една од најчестите фудбалски теми на 21 век. Кој е подобар, Лионел Меси или Кристиано Роналдо, расправа која се води во сите земји ширум светот. За жал, една таква расправа во Индија завршила трагично. Шпанската новинска агенција Efe носи вест дека во повеќе милионскиот Мумбај во неделата еден маж го убил својот пријател на роденденска забава поради кавга. Полициските извори велат дека двајцата мажи се расправале за Меси – Роналдо, односно Реал – Барселона. Момчето кое славело роденден, идентификуван како Обина,...

Continue reading

Промоција на монографијата „Прличеви беседи–хроника на еден културен настан“ на „Прличеви беседи 2022“

Post Views: 0 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ со промоција на монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ (1952 – 2022) од авторите: Милчо Јованоски и Гордана Змејковска се вклучува во традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ 2022. Со промоцијата на монографијата  НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе ја одбележи 70-годишнината од почетокот на култната манифестација „Прличеви беседи“. Основа, да почнеме и да продолжиме со истражувањето ни беше првата монографија од авторот Маринела Јовановиќ која го опфаќа периодот од 1952 година заклучно...

Continue reading

Видео снимка од болнички пожар се шири со апел ,,Молете се за Тетово” – ама е ланска и од Индија!

Post Views: 6 На социјалната мрежа Тик Ток, се појави видео материјал, кој што, според назначениот датум, е објавен еден ден по избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово, а на кој пишува ,,молете се за Тетово”. Иако експлицитно во видеото не се назначува дека е од споменатиот пожар во кој загинаа 14 граѓани, сепак, судејќи според коментарите оставени под видеото, евидентно е дека таков впечаток добиле мноштво од корисниците на социјалната мрежа. Видеото беше споделувано и преку приватни пораки на Фејсбук меѓу корисниците на оваа социјална мрежа. Но, ова видео не е...

Continue reading

маркица општина охрид

ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN

Post Views: 6 Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време. Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality...

Continue reading

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Post Views: 4 Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top