Ознака: југозападниот

Градоначалниците од Југозападниот плански регион потпишаа договори за финансирање на центарот за развој

Post Views: 5 Горан Милевски , Министерот за локална самоуправа и градоначалниците на Југозападниот плански регион во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со договорите ќе се утврдат активностите на центарот за планскиот регион и ќе финансираат проектни активности во висина од 1,2 милиони денари. Дел од финансирањето е на Министерството за локална самоуправа, а дел на општините. Изготвувањето на проектите со кои регионот ќе може да аплицира за наредната буџетска година ќе бидат на Центарот за развој на Југозападниот плански...

Continue reading

Општините од југозападниот регион ќе градат на три локации шелтер центри за бездомни кучиња

Post Views: 10 Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид, но и за Кичево и Центар Жупа. Во микростационарот на Мауцкер ќе бидат згрижувани кучиња од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца. Згрижувањето на бездомните кучиња во прифатни центри е мошне скапа инвестиција која според проценките чини околу 100 евра по куче без додатните...

Continue reading

logo

Презентирани резултатите од проектот ИРЕКо

Post Views: 2 Заврши проектот „Зголемување на ЕЕ и искористување на ОИЕ во меѓуграничниот регион. Во хотел „Дрим“ Струга беа презентирани финалните резултати од имплементација на проектот кој што траеше 15 месеци во кој што беа вклучени сите општини од Југозападниот регион на Македонија и регионот Корча Албанија. Мирјана Лозаноска од Југозападниот плански регион вели дека задоволни се од постигнатите резултати, ги поминале сите општини од регионот, спровеле обуки, предавања, работеле на подигање на јавната свест, реализирале отворени денови, промотивни настани, и изработиле пилот...

Continue reading

logo

Завршува партнерскиот проект на ЈПР за енергетска ефикасност

Post Views: 8 Утре во хотелот Инекс Дрим во Струга, со почеток во 10:30 минути,  ќе се одржи завршната конференција на проектот “Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион”, во чии рамки се спроведоа поголем број активности во Југозападниот плански регион. На настанот за активностите и резултатите од проектот ќе зборува тим лидерот, Јасминка Димитрова Капац од здружението МАЦЕФ од Скопје.  Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше партнер во овој проект, инаку финансиран од ЕУ во рамките на ИПА програмата за прекугранична...

Continue reading

LOGO

Струга доби бизнис центар за поддршка на малите и средни претпријатија

Post Views: 1 Започнува со работа Бизнис центарот во Струга, кој ќе функционира во рамки на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Формирањето на Бизнис центарот за поддршка на малите и средни претпријатија е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП. На свеченото отворање на центарот се очекува да присуствуваат министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претставникот на канцеларијата на УНДП во Скопје, Алесандро Фракасети и претседателот на Советот за развој на Југозападниот...

Continue reading

logo

Во Струга бесплатни инженериски совети за енергетска ефикасност

Post Views: 0 Во рамките на проектот  „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, во времето од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот Београд,  во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку  бесплатни инженериски совети и промотивни материјали. Овој отворен ден е прв од низата отворени денови кои ќе се одвиваат во текот на месец јули во рамките на овој проект. По отворениот...

Continue reading

Големите снежни наноси го парализираа Југозападниот регион

Post Views: 0 Состојбата со снежните наноси најкритична е во Долни Дримкол и Малесија. Стотици  отсечени жители во тој  регион утрово не  можеа  да излезат од своите домови. Нема јавен превоз од јабланичките села па жителите не можат да одат ни на работа. Од Центарот за управување со кризи велат  дека  по приоритет,  денес ќе отпочне чистење на ридско планинските  населени места. „Во Малесија патниот правец од Мислодежда до Присовјани е третиран а селата над Присовјани не се проодни. Во нив има мал број на население и очекуваме кога ќе се потсмират временските услови да се и во тој...

Continue reading

Рамиз Мерко избран за претседател на новиот состав на Југозападниот плански регион

Post Views: 6 На првата конститутивна седница на Советот за развој на југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко беше избран за претседател на новиот состав. Центарот на југозападен плански регион опфаќа 9 општини и за следната година се планирани околу 126 милиони денари за подобрување на условите на сите овие општини. Мерко нагласи дека очекува континуитет во регионалниот развој и поголема поддршка во реализацијата на проектите. Прво на агендата ќе биде воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. За таа цел се одржа средба...

Continue reading

Еден милион евра за Југозападниот плански регион

Post Views: 0 За рамномерен регионален развој обезбедени се еден милион евра за Југозападниот плански регион од националната програма. Центарот за развој на Југозападниот регион потпиша два проекти кои ќе се реализираат во општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот регион. Со првиот проект ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти и ќе се намалува загадувањето на животната средина во општините од Југозападниот плански регион. За ова намена...

Continue reading

Почнува замена на кровот на градинката Развигорче со средства обезбедени од Центарот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 0 На детската градинка „Развигорче“ во Охрид ќе се заменува кровот со што целосно ќе биде завршена реконструкцијата на овој објект. Инвестицијата е во износ од 1.900.000 денари и е дел од проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти. Минатата година во Развигорче беа заменети старата столарија со нови ПВЦ врати и прозори, објектот доби термо фасада, а беа поправени и сменети санитарните јазли, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Оваа...

Continue reading

Југозападниот плански регион доби средства за три проекти

Post Views: 2 Изработка на техничка документација за патна инфраструктура, изведба и реконструкција на патна инфрастуктура и изведба на енергетски ефикасни објекти се трите проекти кои ќе стартуваат во неколку општини од Југозападниот плански регион по потпишувањето на договорот со Бирото за регионален развој. Средствата во висина од 26 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа од националниот буџет, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. Уште денес ќе има објава на електронскиот...

Continue reading

Струга домаќин на социјалните бизниси од Југозападниот регион

Post Views: 0 Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од  Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките  што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време,  ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top