• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Градоначалниците од Југозападниот плански регион потпишаа договори за финансирање на центарот за развој

Градоначалниците од Југозападниот плански регион потпишаа договори за финансирање на центарот за развој

Со договорите ќе се утврдат проектни активности за планскиот регион кои ќе се финансираат во висина од 1,2 милиони денари. Средствата за поддршка на регионалниот развој се двојно зголемени од претходно, информира ресорниот министер Милевски.

 |  Валентина Неловска  | 

Горан Милевски , Министерот за локална самоуправа и градоначалниците на Југозападниот плански регион во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион. Со договорите ќе се утврдат активностите на центарот за планскиот регион и ќе финансираат проектни активности во висина од 1,2 милиони денари. Дел од финансирањето е на Министерството за локална самоуправа, а дел на општините. Изготвувањето на проектите со кои регионот ќе може да аплицира за наредната буџетска година ќе бидат на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Милевски ги информираше градоначалниците дека Владата, годинава, двојно ги зголемила средствата за поддршка на регионалниот развој од 2017 година.

„ Владата ги зголеми средствата за поддршка на регионалниот развoј од 3,5 милиони евра во 2017 година на седум милиони. Од тие средства за Југозападниот плански регион се издвоија 53 милиони денари за финансирање 10 проекти од кои три се за развој на регионот , четири за развој на селата и 3 за подрачја со специфични развојни потреби“, појасни Милевски.

Градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот плански регион Рамиз Мерко побара државата според Законот за рамномерен регионален развој да издвојува повеќе средства за посиромашните општини.

„ Процентот од 70, 20 и 10 да се измени. Помал процент нека се дава на урбаните општини. Процентот нека биде 60, 25 и 15 да им дадеме повеќе пари за проекти на руралните општини и на оние со специфични потреби“, предложи Мерко.

Милевски напомена дека во тек е подготвката и на новата 10 годишна стратегија која треба да заврши до 1 ноември , а без која општините не ќе можат да аплицираат проекти за 2020. Исто така, ресорниот министер на средбата посочи дека пред 10-тина дена, почнало планирањето на новиот циклус за проширување на децентрализацијата. Укажа дека давањето на ингеренциите од централната власт на локалната ќе се одвива во три дела. Децентралзиацијата ќе ги опфаќа Законот за рамномерен регионален развој, фискалната децентрализација и видот на измените кои би можеле да се направат при делување на локалната самоуправа и градоначалниците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top