Еден милион евра за Југозападниот плански регион

Со средства од националниот буџет ќе се подобри енергетска ефикасност на објекти, а ќе биде поддржан и локалниот економски развој во 9 општини. Наскоро, Бирото за регионален развој ќе почне со одржување на форуми за избор на нови регионални проекти кои ќе се реализираат во оваа и следната година.

 |  Валентина Неловска  | 

За рамномерен регионален развој обезбедени се еден милион евра за Југозападниот плански регион од националната програма. Центарот за развој на Југозападниот регион потпиша два проекти кои ќе се реализираат во општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Вевчани, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа, информира Мирјана Лозаноска, директорка на Центарот за развој на Југозападниот регион. Со првиот проект ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти и ќе се намалува загадувањето на животната средина во општините од Југозападниот плански регион. За ова намена се обезбедени над 20 милиони денари за  општините Охрид, Кичево, Пласница, Дебар, Дебрца и Македонски Брод, додека со другиот проект ќе се реализираат активности во четири општини.

Вториот проект е поддршка на Локалниот економски развој преку туризмот, културата и други екомски дејности. Вредноста на овој проект е 43 милиони денари, а партиципираат општините Охрид, Струга, Вевчани и Центар Жупа – истакна Лозаноска.

Бирото за регионален развој наскоро ќе започне со одржување на форуми за избор на нови регионални проекти. Станува збор за двегодишна програма со која во општините ќе има можност да се реализираат проекти во оваа и следната година.

Регионални проекти на кои ќе се идентификуваат проблеми на регионални форуми, на кои  ќе се предлагаат решенија, ќе се изготват проектни концепти и апликации. Продолжуваме со нови активности кои ќе се додаваат на веќе започнатите – вели Лозаноска.

Се отвора можност да се предлагаат идејни проекти за повик на грант преку проект за одржлива инклузија на рамномерен регионален развој. Проектот е финансиран од Швајцарската конфедерација и Министерството за локална самоуправа.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top