Ознака: југозападниот

Втора Седница на Советот

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков присуствуваше на втората Седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион што денеска се одржа во Струга. На дневен ред беа повеќе точки меѓу кои Разгледување на годишните сметки за работење на центарот за развој на Југозападниот плански регион во 2021 година и за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој-прва фаза на спроведување“. На средбата се разгледуваше информацијата за Грантова шема во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза на спроведување“. Се дискутираше...

Continue reading

ПРВ РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН ВО ОХРИД

Post Views: 5 Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека овој настан е многу значаен за нашиот регион бидејќи има за цел да ги презентира позитивните економски промени во однос на социјалната вклученост и одржливиот развој на заедниците. Ранливите категории на граѓани се наши соседи,...

Continue reading

Расте бројот на заболени од карцином на дојка во Југозападниот регион во земјава

Post Views: 0 Расте бројот на заболени од карцином  на дојка во Југозападниот регион во земјава. Во здравствениот дом во  Вевчани, цели 18 години се вршат ехо прегледи  и мамографија на дојки. Освен вевчанки, стружанки, охриѓанки,  дебранки,кичевчанки и  ресенчанки   доаѓаат и жени од други градови од земјава, но  и од соседна Албанија.Единствениот радиолог во оваа установа, д-р Жарко Даскалоски, прегледува и по 2.700 жени годишно. Само во 2019 откриени се 44 карциноми во регионот, а во пандемијата во 2020 година 35. „Свеста од година во година расте и тоа мене ме радува како лекар...

Continue reading

Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион

Post Views: 2 Новоформираната стопанска комора за фотографска и видео дејност одржа состанок со колегите од југозападниот регион. Миле Спасов, претседател на комората, кажа дека на средбата со колегите која се одржа синоќа во Струга, сакале да ги слушнат проблемите, но да се понудат и решенија како да се дејствува во претстојниот период. Во Македонија од осамостојувањето до денес не била формирана комора која ќе ги штити и подобрува условите за работа на фотографска и видео дејност, нагласува Спасов. „Комората треба да е на некој начин медијатор меѓу чинителите на фотографска и видео...

Continue reading

УНЕСКО: Државата, Југозападниот плански регион и Охрид имаат рок од три години да го решат проблемот со дивите депонии

Post Views: 6 Во последниот Нацрт извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата и Југозападниот плански регион мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково, Мауцкер, депониите кај Струга, но и помалите, многу побројни во регионов, а просторот соодветно да го исчистат и опплеменат. Според претходниот извештај депонијата во Буково требаше да биде затворена до крајот на 2020 година и повеќе на та таа локација да не се одлага отпад, но во најновиот, оваа препорака треба да се исполни...

Continue reading

Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година

Post Views: 6 Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за...

Continue reading

polzav

Инвазија на џиновски полжави во Мајами

Post Views: 16 Се зборува дека за прв пат во 1966 год. три примероци биле донесени во САД како домашни миленици.Од нив настанало семејство од 18 000 единки за чие уништување на тогашните власти им биле потребни 9 месеци и милион долари. Никој точно не знае како овој вид доспел во Мајами и успеал да се намножи во толкави размери. Властите се загрижени затоа што овие полжави можат да бидат и опасни бидејќи нивната слуз содржи црви кои пренесуваат еден вид на менингитис. {loadposition content9}

Continue reading

ohrid

Југозападниот плански регион е на шесто место

Post Views: 0 Според податоците на Државниот завод за статитика југозападниот плански регион е на шестото место годинава. Од последните аналзи до сегашните паднал од 4 на 6 место, од 8- те региони во земјава. Како го оценуваат ваквиот пад одговор побаравме од канацалеријата на југозападниот регион со седиште во Струга. Директорот Мирјана Лозаноска информира дека степенот на развој на планските региони се оценуваат на секои 4 години врз основа на социо-економски параметри. На основа на тие анализи се прави посебна методологија  и класификација на планските региони по степен на развиеност....

Continue reading

Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион

Post Views: 2 Општина Охрид е најтранспарентна општина во Југозападниот регион на Република Северна Македонија врз основа на Индексот на активна транспарентност на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).По нивото на транспарентност охридската локална самоуправа го зазеде 14 место помеѓу општините, со резултат од 80,3 % остварени позитивни показатели.Од вкупно 98 институции во кои се мерела активна транспарентност, Општина Охрид е рангирана на 20 место на листата на многу добро оценети институции. Ценејќи ја важноста на точната информација, Општинa Охрид и јас како градоначалник...

Continue reading

jugozapaden region

Во Југозападниот регион најбројни се микро претпријатијата

Post Views: 8 99% микро претпријатија во кои се вработени не повеќе од 10 вработени се најбројни во Југозападниот плански регион, изјави раководителот на Центарот за развој на ЈПР Мирјана Лозаноска.  Таа нагласи дека се организираат работилници со цел преку проектните активности да се дадат насоки на приватниот сектор за зголемување на економската ефикасност, а со самото тоа да се привлечат нови домашни и странски инвестиции, да се креираат и нови работни места како и да се подобри животниот стандард на луѓето. „Тоа ќе го направиме преку неколку клучни активности, денес ќе започнеме...

Continue reading

лого

Подршка на приватниот сектор

Post Views: 2 Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе се одржи првата работилница од проектот „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор”. Работилницата ќе ја отвори државниот сектретар од Министерството за локална самоуправа, г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска. Повеќе информации во Дневникот на ТВМ Телевизија во 17:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Post Views: 0 Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top