Ознака: чистат

нивелирање на шахти

ЈП „Нискоградба“ со низа активности

Post Views: 1 Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ и денес со низа активности низ Охрид. Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на потег од Стара чаршија до Мал плоштад кај „Стопанска банка“ Битола. Додека пак, одделението за градежно одржување во рамки на своите активности, врши нивелирање и подигнување на шахти на ул. 15-ти корпус кај кружниот тек. Возете внимателно ! – апелираат од ЈП „Нискоградба“.

Continue reading

Се чистат шахтите на ул. „Богомилска“

Post Views: 4 Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на ул. „Богомилска“. Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти – велат од ЈП „Нискоградба“.

Continue reading

Општина Дебрца продолжува со чистење на одводните канали, речните корита, а се чистат и дивите депонии

Post Views: 7 Градежната механизација на Општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во Општина Дебрца, а истовремено привршува и обемната активност за чистиење на дивите депонии во неколку селски средини. Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано “Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир “Св.Атанасије” – Д.Средорече ( околу 400 метри ) и Манастир “Св.Атанасије”-селска воденица ( 500 метри ), во село Оровник, чистење...

Continue reading

СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ЧИСТАТ КРАЈБРЕЖЈЕТО И ГРАДСКИОТ КЕЈ

Post Views: 2 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј. Поради временските неприлики и силниот јужен ветер, секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад, како и наноси од трска, реси и муљ. Со цел да се одржи јавната чистота во градот на највисоко ниво, ваквите активности за чистење ќе продолжат и во текот на наредните денови.

Continue reading

Се чистат речните коритa во Дебрца

Post Views: 10 Поради обилните дождови во изминатите неколку дена се интензивираа активностите за чистење и на речните корита и канали во Општина Дебрца, посебно во населените места. За првпат по долгогодишен период од Општина Дебрца пристапија кон пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” од село Белчишта па се до вливот во Матицата на Белчишкото Блато. Активностите завршија со чистење на речното корито во центарот на селото. Од општината велат дека будно се следи ситуацијата со врнежите кои се најавуваат и дека ќе се интервенира соодветно настанатата ситуација.

Continue reading

Во Дебрца се чистат дивите депонии

Post Views: 2 Градоначалникот Зоран Ногачески информира дека се исчистени депониите во месноста „Селиште“, кај црквите Св. Василиј, Св. Јован и Св. Атанасија во село Белчишта. На просторот дополнително ќе бидат поставени информативни табли. Во изминатите неколку години неколкупати извршивме чистење на дивата депонија на влезот на село Волино, непосредно до распределителната градба на реката Сатеска. По последното чистење пред 2 месеци фирмата Гарден Центар и Расадник Розенталис на своја сметка изврши заградување на исчистениот простор. Деновиве, со помош на општинската механизација...

Continue reading

Се чистат каналите за иригација во струшко

Post Views: 5 Водостопанство на РСМ, подружница „Црн Дрим“-Охрид, деновиве работи на чистење на каналите за иригација во регионот на Струга. Моментално се чисти каналот Мулузија и каналот од с.Мислешево до реката Црн Дрим водолжина од 1600м.  Досега се отстранети околу 4.800м³ нанос од каналите.Пред две години неколку населби останаа под вода, поради обилни врнежи од дожд и снег. Овој проблем во Струга е децениски, бидејќи дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.Поради тоа пред почеток на сезона на врнежи, се пристапи кон чистење на мрежата канали.

Continue reading

Се чистат дивите депонии во Дебрца

Post Views: 5 Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут. Активностите започнаа со чистење на една од најголемите депонии, просторот во месноста наречена „Царo Поле”, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Станува збор за простор кој со години е деградиран со најразличен вид на отпад, велат од општината поради што е вклучена и механизација за средување на теренот. По завршувањето...

Continue reading

Туристички водичи ги чистат од отпадоци рутите низ Охрид по кои што ги шетаат туристите

Post Views: 2 Туристички водичи го чистеа од отпадоци Стар Град, на потегот Горна порта, Дебој, Антички театар, Св Софија до  пристаништето. Тоа е рутата која е класичен и неизоставен дел од секој разглед на Охрид кој го организираат за туристите. Поразителни се коментарите кои ги добиваме од туристите дека се згрозени од ниското ниво на свест за јавна хигиена во едно рајско место како Охрид, вели Горан Устијаноски, Kапетан на Капетанија на пристаништа и лиценциран туристички водич. Устијаноски кој е иницијатор на акцијата на туристичките водичи додава дека основната цел не им е критика...

Continue reading

ulici Struga

Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици

Post Views: 7 Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5...

Continue reading

Се чистат јавните површини на „Марко Цепенков“ и „Ристо Чадо“

Post Views: 7 Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини. Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид по ул.„Марко Цепенков„ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластични амбалажа и други видови отпад. Денеска акцијата се реализира на ул.„Ристо Чадо“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до „Стобекс“.

Continue reading

svgorgija

Ќе се чистат фреските во црквата Св. Ѓорѓија

Post Views: 2 Фреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски. „Имаше некои мали недоразбирања...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top