Се чистат јавните површини на „Марко Цепенков“ и „Ристо Чадо“

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини.

 |   | 

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини.

Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид по ул.„Марко Цепенков„ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластични амбалажа и други видови отпад.

Денеска акцијата се реализира на ул.„Ристо Чадо“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до „Стобекс“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top