Ознака: Челзи

Lampard

Лампард: Ние бевме посилниот тим

Post Views: 1 Френк Лампард верува дека Челзи може да го елиминира Интер и покрај поразот на Џузепе Меаца, смета дека тие биле посилниот тим на синоќешниот натпревар. Лампард верува дека голот постигнат во гости може да се покаже како многу значаен за вкупниот победник во дуелот против Челзи. “Има уште еден натпревар. Статистички по поседот на топката, шутеви кон голот, мислам дека ние бевме подобриот тим, но знаевме дека Интер така ќе игра” – вели Лампард. “Мурињо е многу паметен и знае како да одигра. Но се надеваме дека голот постигнат во гости ќе ни даде...

Continue reading

Pandev

Пандев и Интер го пречекуваат Челзи

Post Views: 2 Преостанатите четири меча од осмина финалето во Лигата на Шампионите се играат во вторник и среда, а дерби без сомнеж е дуелот меѓу Интер и Челзи, екипите кои водат во националните шампионати на Италија и Англија и кои имаат највисоки амбиции и во елитното натпреварување. Ќе биде тоа дуел на сегашната и поранешната екипа на Жозе Мурињо, но и вистинска проверка на формата на македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Интер последните години немаше многу успех на европска сцена и по секоја цена ќе се обиде да дојде до успех, но лондонскиот клуб е еден од најголемите кандидати...

Continue reading

Abramovic Roman

70 милиони фунти за засилувања во летниот преоден рок

Post Views: 9 Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович подготвил сума од 70 милиони фунти, со кои ќе располага тренерот Карло Анчелоти за ангажирање на нови засилувања во летниот преоден рок. Весникот „Деили Меил” информира дека откако беше симната забраната за ангажирање на фудбалери, управата на Челзи решила да се купат неколку млади и талентирани играчи, со кои ќе почне подмладувањето на тимот од “Стемфорд Бриџ”. Френк Лапмард, Дидие Дрогба и Рикардо Карваљо се на возраст од 31 година, Балак и Белети имаат по 33 години, а Деко 32 години, што значи дека наскоро ќе мора...

Continue reading

logo

Челзи полека излегува од кризата

Post Views: 6 На интернет страницата на клубот се вели дека Челзи во 2009 година ги има исплатено сите долгови, и дека  загубите се намалени за 21 милион фунти. Преостанатиот долг e претворен во хартии од вредност. Ревизијата на клубот покажала дека капиталот предвиден за трошење од 107 милиони фунти бил намален на само 16 милиони за 2009 година. „Долгот на клубот е намален на нула, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на Челзи“, изјави извршниот директор на лондонскиот клуб, Брус Бак. Челзи во 2003 година беше купен од рускиот милионер Роман Абрамович за 140 милиони фунти,...

Continue reading

logo

Утре се игра дербито Челзи – Манчестер Јунајтед

Post Views: 2 Двата најуспешни тима во Премиер лигата во последните неколку сезони првата пресметка во борбата за нова титула ќе ја одиграат в недела на Стенфорд Бриџ. „Сините“ од Лондон се домаќини и воедно лидери на табелата, а веднаш зад нив се „црвените ѓаволи“. Натпреварот во Лондон  ќе биде дерби и на 12.коло во кое денеска ќе играат: Астон Вила – Болтон, Блекбурн – Портсмут, Манчестер Сити – Барнли, Тотенхем – Сандерленд и Вулверхемптон – Арсенал.В недела заедно со дербито на програмата се дуелите: Хал – Стоук, Вест Хем – Евертон и Виган – Фулам. Колото ќе биде затворено со...

Continue reading

Genaro Gatusso

Дали Гатусо ќе оди во Челзи?

Post Views: 2 Џенаро Гатусо, неуморниот играч за врска на Милан и италијанскта фудбалска репрезентација, веќе од порано има желба да го напушти Сан Сиро. Гатузо има пропуштено многу натпревари од почетокот на сезоната поради повреда на коленото, а уште во текот на летото зборуваше дека повторно сака да замине на островото каде што играше во сезоната 1997/98, во дресот на шкотски Ренџерс. „Би сакал да ја завршам кариерата во екипа од англиската Премиер Лига“, изјави Гатузо и зад ова најверојатно се крие желбата повторно да работи под диригентската палка на Карло Анчелоти кој во текот...

Continue reading

Chelesea

Челси повторно прв во Премиер лигата

Post Views: 6 Во дербито на Премиер лигата одиграно во Лондон екипата на Роман Абрамович му нанесе пораз на Ливерпул со 2:0. Дербито на колото во Премиер лигата се одигра во неделата во Лондон, каде Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го пречека тимот на Ливерпул. Иницијативата беше на страната на домаќинот кој повеќе ја посакуваше победата во овој натпревар и на крајот заслужено славеше со 2:0. Еден ден пред тоа беа одиграни натпреварите Болтон – Тотенхем 2:2, Барнли – Бирмингем 2:1, Хал – Виган 2:1 и Вулверхемптон – Портсмут 0:1. Саботната понуда ја заокружија шампионот Манчестер Јунајтед...

Continue reading

Logo

ФИФА му забрани на Челзи трансфери во следните два преодни рока

Post Views: 0 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му забрани на англискиот фудбалски клуб Челзи во следните два преодни рока да купува играчи, соопштено е денеска во седиштето на ФИФА во Нион. – Челзи е казнет со забрана за регистрирање на фудбалери, било тоа да се домашни или странски, во следните два преодни рока, се наведува во соопштението. Тоа значи дека лондонскиот клуб нема да може да купи ниту еден фудбалер пред 1 јануари 2011 година.Казната на Чели му е изречена поради спорот со францускиот прволигаш Ланс околу трансферот на Гаел Какута во 2007 година. Комисијата...

Continue reading

John Terry

Тери останува во Челзи за мистериозна сума

Post Views: 10 Капитенот на Челзи Џон Тери потпиша вчера нов, петгодишен договор со екипата од Лондон. Тери (28) ќе остане во Челзи до 2014 година, а финансиските детали од договорт не се соопштени. Англискиот репрезентативен стопер од 1997 година го носи дресот на Челзи, за кој досега одигра 274 првенствени натпревари и постигна 17 голови. {loadposition content9}

Continue reading

Мурињо најбрзо ја проби магичната граница

Post Views: 0 Ниту Фергусон, ниту Венгер, туку харизматичниот португалски тренер, Мурињо, ја испиша новата страница во историјата на англискиот фудбал. Неговиот Челзи во саботата славеше против Хал Сити со 2-0, а Мурињо како менаџер на клубот од Стенфорд Бриџ (по втро пат во кариерата) го освои 400-от бод во 174 натпревари на Премиер лигата. Ниту Сер Алекс Фергусон, а ниту Арсен Венгер не успеаа да соберат толку бодови во толку “малку” натпревари. Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед му требаа 191 натпревар да освои 400 бода, додека на Венгер на клупата на Арсенал му требаа...

Continue reading

Karlo Anceloti

Анчелоти е новиот стратег на Челзи

Post Views: 4 Карло Анчелоти стана нов стратег на клубот од Стемфорд Бриџ само еден ден откако се раздели од својот Милан во кој беше од 2001-та година. Во неделата попладне со Милан ја победи Фиорентина, во понеделник наутро веќе стана тренер на челси. Така изгледа животот и кариерата на карло Анчелоти кој од еден гигант се пресели во друг. И не му е до одмор и покрај тоа што во Милан работеше осум сезони во низа. „Клупата на Челси на 1-ви јули ќе ја превземе 49-годишниот Карло Анчелоти. Тој ќе потпише тригодишен договор“, беше објавено од лондонскиот клуб. Челните луѓе на Челси...

Continue reading

fudbaleri

Челзи и Барселона во полуфиналето на Лигата на шампиони

Post Views: 11 Предноста од првите натпревари од четвртфиналето беше решавачка за пласманот на Челзи и на Барселона во годинашново полуфинале од Лигата на шампионите. На Стенфорд Бриџ Ливерпул беше на еден гол од полуфиналето по водствата што ги имаше од 2:0 и 4:3 против Челзи, но „сините“ од Лондон стигнаа до 4:4, па победата од 3:1 во првиот дуел ги однесе во завршната четворка. На Алианц арената Баерн и Барселона одиграа 1:1 и каталонците со 4:0 од првиот натпревар се изборија за ново полуфинале. Челзи и Барселона ја формираа првата полуфинална двојка и натпреварите ќе ги одиграат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top