Мурињо најбрзо ја проби магичната граница

Мурињо ја испишува новата страница во историјата на англискиот фудбал

 |  инфодеск  | 

Ниту Фергусон, ниту Венгер, туку харизматичниот португалски тренер, Мурињо, ја испиша новата страница во историјата на англискиот фудбал.

Неговиот Челзи во саботата славеше против Хал Сити со 2-0, а Мурињо како менаџер на клубот од Стенфорд Бриџ (по втро пат во кариерата) го освои 400-от бод во 174 натпревари на Премиер лигата.

Ниту Сер Алекс Фергусон, а ниту Арсен Венгер не успеаа да соберат толку бодови во толку “малку” натпревари. Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед му требаа 191 натпревар да освои 400 бода, додека на Венгер на клупата на Арсенал му требаа дури 208 натпревари да стигне до оваа магична граница.

Да се потсетиме дека на својата прва прес конференција на клупата на Челзи во 2004 година Мурињо изјави: I’m Special One (Јас сум посебен).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top