Дали Гатусо ќе оди во Челзи?

Џенаро Гатусо, неуморниот играч за врска на Милан и италијанскта фудбалска репрезентација, веќе од порано има желба да го напушти Сан Сиро.

 |  Крсте Голабовски  | 
Genaro Gatusso
Џенаро Гатусо

Џенаро Гатусо, неуморниот играч за врска на Милан и италијанскта фудбалска репрезентација, веќе од порано има желба да го напушти Сан Сиро.

Genaro GatussoГатузо има пропуштено многу натпревари од почетокот на сезоната поради повреда на коленото, а уште во текот на летото зборуваше дека повторно сака да замине на островото каде што играше во сезоната 1997/98, во дресот на шкотски Ренџерс.

„Би сакал да ја завршам кариерата во екипа од англиската Премиер Лига“, изјави Гатузо и зад ова најверојатно се крие желбата повторно да работи под диригентската палка на Карло Анчелоти кој во текот на летото замина во ЧЕлзи.

Интернет изданието на ТутоМерката пак пишува дека Челзи планира да подготви понуда за Гатузо или во текот на зимскиот преоден рок или на крајот од оваа сезона. Сеуште е актуелен банот од УЕФА за трансферите на Челзи па според нив лондонскиот гигант не смее да купи ниту еден фудбалер во наредните два трансфер периоди (зимскиот и летниот трансфер период во 2010 година), но лондончани веќе се жалеа на таквата одлука.

Се верува дека ќе успеат да ја укинат таквата ригорозна казна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top