Ознака: часот

kurajcki karneval

Финиширани подготовките за Курајчкиот карневал

Post Views: 2 Курајчкиот карневал може да започне.  На неколку денови пред празникот, Здружението Св. Василиј од Куратица го одржа последниот состанок на кој беа финиширани сите детали за карневалот. Претседателот на здружението Горан Ангелоски вели дека биле определување на групите, како што се  зетот и невестата, бајачот но и сите останати традиционални главни маски. „ Карневалот е комплетно подготвен. Започнуваме на 13 јануари во 17 часот со палењето на традиционалниот оган во 18 часот на сред село се одигруваат неколку ора во 19 часот групата тргнува низ селото со посета на неколку...

Continue reading

helping hand

Апел за помош

Post Views: 3 Итно се потребни средства за лекување на 25 годишната Ивана Павлеска, која боледува од акутна леукемија. На лекување треба да замине овој понеделник, а за терапијата се потребни поголема сума на средства, кои нејзиното семејство не може да ги обезбеди. Затоа, Ве молиме да бидете хумани, да донирате средства и да и помогнеме на Ивана да се излекува. Можете да донирате 100 денари со вртење на телефонскиот број  070/143-132, да извршите уплата на следнава жиро сметка: 200001970854819 или да присуствувате на хуманитарните забави кои се организираат со цел да се соберат...

Continue reading

alkohol

Нема алкохол после 19 часот

Post Views: 0 Почнува зимското сметање на времето ама за продажбата на алкохолни пијалоци.  Одлуката за повторно да се врати старото ограничување стапува на сила од утре. Во текот на летните месеци забраната за продажба на алкохол важеше од 21 часот за сите трговски објекти кои имаат важечка лиценца за продажба на алкохолни пијалоци. Во текот на изминатово лето, вршени се континуирани контроли. Началникот на пазарниот инспекторат во Охрид, Ѓорѓи Бошалески вели дека генерално гледано оваа забрана се почитувала, а биле изречени само мал број на казни. „Тие што беа затекнати без да...

Continue reading

zatvor

Синоќа почина притвореник

Post Views: 0 Почина притвореник во Охридскиот затвор. Синоќа кога дошла затворската смена да ги буди притворениците за вечера, некаде околу 20 часот и 30 минути, не успеала да го разбуди 25 годишниот притвореник од Подгорци, струшко. Според првичните, неофицијални информации од истражниот судија Весна Кичеец, која извршила увид на лице место, претходно притвореникот бил прегледан од страна на доктор невропсихијатар и примил некаква терапија. Најверојатно после тоа, притвореникот не се разбудил. Смртта била констатирана во 21 часот од страна на дежурна медицинска екипа. Мерката притвор...

Continue reading

ohrid noke

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 0 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од пропишаното,...

Continue reading

jazz inn

Според сопствениците на Jazz Inn протестот и не бил така мирен

Post Views: 6 До редакцијата на ТВМ, денес  стигна допис од сопствениците на Кабарето Џез Ин. Во него се наведува дека еден од сопствениците синоќа се обидел да разговара со протесната група, но бил дочекан со погрдни навреди, пцовки и сериозни закани.Тој смирено ги посоветувал агресивните лица да си ја бараат правдата на легален начин низ надлежните органи на државата и се повлекол од толпата. Сопствениците на кабарето Џез Ин и покрај законското право за поднесување тужби против лицата потписници на лажните и сериозни клевети и јавното медиумско понижување, нема да покренат никаква...

Continue reading

Leskoec

Уште едно лето без вода

Post Views: 1 Уште една пеколна недела дел од Лесковчани ја преживуваат без капка вода. Горливиот проблем кој со години се провлекува, повторно се актуелизира. Иако приклучувањето на градската водоводна мрежа требаше да го реши овој проблем, сепак се провлекува старата приказна. Со недостиг на вода се соочуваат само дел од Лесковчани, и тоа оние кои што живеат во повисоките делови на селото и кои не се приклучени на главната линија. За фрустрацијата на овие граѓани да биде уште поголема, нивните сожители од другата страна нормално се снабдуваат со вода. Стапивме во контакт со надлежните...

Continue reading

zapalen gliser

Повторно глисерска несреќа во водите на Охридското езеро

Post Views: 1 Попладнево, околу 14.30 часот на околу 150 метри од елитната туристичка населба Лагадин, се запали глисер. Претседателот на Црвен Крст- Охрид, Сашо Точков не информира дека нивниот брод амбуланта веднаш интервенирал на местото на несреќата. Екипата им пружила помош на три лица кои се наоѓале во глисерот, а неофицијално дознаваме дека станува збор за македонски државјани, кои биле со полесни телесни повреди. Само едно од лицата е префрлено на понатамошен третман  во болницата за трауматологија и ортопедија “ Св. Еразмо Охридски“. Д-р. Горан Балев беше дел од екипата...

Continue reading

Европска вечер на Охриско лето

Post Views: 5 Европската вечер започнува со изложбата на 34 дела на 12 познати полски карикатуристи, а ќе продолжи со звуците на виолината и пијаното во предворјето на црквата Св. Софија. За утревечер е најавено гостувањето на веќе домашниот Сфумато театар од Бугарија. Во рамките на вечерашната програма на фестивалот Охридско лето посетителите ќе дојдат во допир со полската уметност, во делот посветен на Европската унија, а едноставно наречен „Вечер на Европа“. Традиционално, во овој дел се претставуваат уметниците од земјата претседавач со Европската унија. Вечерта започнува со изложбата...

Continue reading

Да се продолжи или не?

Post Views: 81 Продолжувањето на работното време на угостителските објекти редовно предизвикува сериозни реакции, кои се најизразени од страна на жителите на стариот дел на градот. Иако оваа летна туристичка сезона започна без најава за ваква промена и сите мислеа дека барем ова лето ќе помине без продолжено работно време на угостителските објекти, Градоначалникот Петрески реши уште некој час плус да ги држи жителите на Охрид будни во ситните саати. Дали неговиот предлог ќе добие зелено светло или не, ќе видиме на 37-та седница на Советот на општина Охрид, закажана за во четврток....

Continue reading

policija

Лош пример за гостите

Post Views: 0 На 19.07.2011 година, во 23,15 часот, во Охрид на ул.„Цар Самоил“  се движел моторциклист  и на  даден знак да застане и да покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот, истиот со висок тон се обратил кон униформиран полициски службениксо погрдни зборови. Потоа  го ставил моторциклот во погон со цел да избега од лице  местото , при што со моторциклот удрил во службеното лице  нанесувајќи му телесни повреди, за што му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Лицето со употреба на физичка сила било  доведено во послушност и...

Continue reading

policija

Сериозен инцидент во Охрид поради натпреварот Шкендија-Партизан

Post Views: 4 Утрово околу 4 часот во близина на дискотеката Парк се случил сериозен инцидент поврзан со вчерашниот фудбалски натпревар. Шест лица од албанска националност од кои едно со американско и едно со швајцарско државјанство кои се превезувале со два автомобили, сопреле такси возило со тројца српски и еден македонски државјанин. Ги извлекле од возилото и со боксови и тврди предмети почнале да ги удираат по телото. Според информациите на полицијата причина за нападот бил загубениот фудбалски натпревар на Шкендија. Сите напаѓачи се приведени во полициската станица Охрид и се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top