Ознака: центарот

hiv

Ниска стапка на преваленца на ХИВ СИДА кај нас, но висока стигма

Post Views: 1 Стапката на преваленца на ХИВ СИДАТА кај нас е ниска. Невладините организации заедно со институциите постојано се активни за преваленцата и понатака да се одржува на тоа ниво, укажува Сашо Мерџаноски од НВО „ Интер-етник проект Гостивар“. Повеќето НВО соработуваат со Министерството за здравство и  работат на превцијата на ХИВ СИДА во соработка  со здравствените установи , полицијата, затворите, насекаде каде што има ризични групи. Преваленцaта е ниска, но за да се одржува на тоа ниво мора да се работи и не смее да се остави стихијно бидејќи не сме многу далеку од земјите...

Continue reading

posebni deca

Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок

Post Views: 0 Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика...

Continue reading

сон на летната ноќ

Сеуште не се знае со која претстава ќе се отвори театарската сезона

Post Views: 8 Сонот на летната ноќ охридските љубители на театарот по се изгледа можат да го гледаат само на лето а на зима можат да го сонуваат. Техничките соработници од странство кои се потрудија ова дело на Шекспир 4 пати да биде изведено во Охрид во летниот период сега поради други ангажмани им ги изменија плановите на Охридскиот народен театар и Центарот за култура Григор Прличев. Новата театарска сезона место  како што беше најавено, со најволшебното дело на Шекспир ќе започне со задоцнување со некоја друга претстава.    Со уметничкиот директор на охридскиот театар Горан Стојановски ...

Continue reading

deca brejn o brejn

Брејн`О`Брејн програмата забавна, но и исклучително корисна за децата

Post Views: 9 Брејн`О`Брејн програмата на Црвениот крст, вистински хит помеѓу децата, но и помеѓу родителите.   Подобрена концентрација, зголемена креативност, развивање на меморијата на децата и бројни други придобивки. За нив, сведочат и одличните резултати кои дечињата од оваа програма ги постигнаа на државниот Брејн`О`Брејн натпревар во Скопје, од каде малите охриѓанчиња се вратија со дури 27 освоени награди од кои 10 трофеи како највисоки признанија, како и 13 златни и 4 сребрени медали. И ако резултатите сами по себе не ви се интересни, тогаш слушнете во какви дисциплини се...

Continue reading

dalekovodi

Зголемување на енергетската ефикасност со европски пари

Post Views: 3 Само 55 проценти од вкупното производство на енергија во земјава се задоволува од домашни извори, додека 45 проценти се увезуваат од странство. Ова е само еден од интересните факти кои неоспорно говорат дека енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија не се приоритет во нашата држава. Ова ќе се обиде да го промени Македонскиот центар за енергетска ефикасност кој е лидер на проектот за прекугранична соработка со Албанија токму во областа на енергетската ефикасност. Тие сметаат дека и двете земји се соочуваат со истите предизвици. Целна група на...

Continue reading

deratizacija

После пет години започна систематска дератизација во Охрид

Post Views: 8 Согласно законските прописи Општина Охрид покрај дезинсекцијата која ја спроведе во три наврати во летниот период, од денеска започнува и со дератизација на канализационата мрежа. Локалната за акциите за запрашување, три за дезинсекција и една за дератизација има издвоено вкупно 1 милион и шестотитини илјади денари. „Согласно законските обврски што ни ги налага државниот санитарен  и здравствен инспекторат и според усвоената програма во неколку наврати од 15 до 17 јуни од 11 до 12 јули и од 22 до 23 август имаше запрашување за десинсекција, а согласно усвоената програма...

Continue reading

crven krst

Над 500 семејства во Охрид и Дебрца се социјално загрозени

Post Views: 0 Во Охрид и Дебрца евидентирани се над 500 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства  според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст. По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Ние правиме напори да им помогниме на семјставата...

Continue reading

Се полнат болничките кревети и во ковид центарот во Кардиолошкиот завод “Свети Стефан”

Post Views: 2 Позитивни пациенти на ковид 19 ги полнат болничките капацитети и во ковид центарот кој функционира во делот на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Моменталната состојба е загрижувачка и апелираме граѓаните да се придржуваат кон сите препораки за заштита од ковид 19, вели директорката, д-р Елена Коваческа Башуроска. Позитивните лица на ковид 19 кои се згрижени во оваа установа во најголем процент се на возраст од 40 до 60 години. „Триесет и пет пациенти се во ковид центарот во...

Continue reading

Goce Mojsoski

Сребро за охриѓанецот Гоце Мојсоски на Светското првенство во бодибилдинг

Post Views: 12  Мојсоски со сребренето одличје од светскиот собир на бодибилдери не само што го повтори минатогодишниот успех кога се закити со бронзен медал, туку го освои посветлото одличје и се искачи едно скалило погоре. „Конкуренцијата беше многу голема, имаше натпреварувачи скоро од сите земји“, вели Мојсоски.  Тој открива дека нетпреварот бил многу исцрпувачки и дека траел од 15 до 20 часот навечер или цели пет часа. Охридскиот бодибилдер за ТВМ раскажува како течеле подготовките за натпреварот, но и открива од што се се одрекол за да се подготви за светското првенство. „Се...

Continue reading

detska bolnica

Зградата на некогашната детска специјална болница-нов центар за кардилогија?

Post Views: 2 Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески  истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа. „Моја лична желба и определба, а и определба на...

Continue reading

vakcini

Центарот за јавно здравје подготвен за новата сезона на грип

Post Views: 2 Центарот за јавно здравје набави 2500 вакцини против сезонски грип. Од таму велат дека се целосно подготвени за новата сезона на ова заразно заболување. И оваа годин како и минатите ќе се вакцинира против три видови на грип и тоа А, Б и Ц. Атанаско Михаилов, раководителот на Центарот за јавно здравје вели дека од минатата година набавени се 300 вакцини повеќе поради се поголемиот интерес на граѓаните за превентивна заштита од грип. Првенствено да се вакцинираат ранливите групи а тоа се лицата со над 65 год старост, хронично болните, децата и граѓаните кои работат со...

Continue reading

centar za socijalni raboti

Во Охрид отворено брачно советувалиште

Post Views: 8 Во центарот за социјални работи во Охрид денес беше отворено ново советувалиште за брак и семејство. Советувалиштето ќе функционира на доброволна основа и на граѓаните ќе дава бесплатни услуги за надминување на проблемите во бракот и во семејството.  Во советувалиштето ќе можат да бидат вклучени и граѓани кои што стапуваат во брак, со цел да се запознаат со нивните права и обврски. „Ова советувалиште верувам дека ќе придонесе во надминување на проблемите и намалување на бројот на разводите воопшто. Овој проект го најавивме пред месец дена и веќе започнува да се реализира....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top