• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Се полнат болничките кревети и во ковид центарот во Кардиолошкиот завод “Свети Стефан”

Се полнат болничките кревети и во ковид центарот во Кардиолошкиот завод “Свети Стефан”

Во оваа здравствена установа во моментов се лекуваат триесет и пет пациенти. Во останатиот дел на Кардиолошкиот центар и понатака се примаат само ургентните случаи со кардиоваскуларни здравствени проблеми.   

 |  Валентина Неловска  | 

Позитивни пациенти на ковид 19 ги полнат болничките капацитети и во ковид центарот кој функционира во делот на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Моменталната состојба е загрижувачка и апелираме граѓаните да се придржуваат кон сите препораки за заштита од ковид 19, вели директорката, д-р Елена Коваческа Башуроска. Позитивните лица на ковид 19 кои се згрижени во оваа установа во најголем процент се на возраст од 40 до 60 години.

Триесет и пет пациенти се во ковид центарот во кардиолошки. 3-ца од нив се на неинвазивна вентилација во потешка состојба, а 10 пациенти се на кислородна поддршка “.

Од ноември минатата година со одлука на Министерството за здравство дел од болничките капацитети на Кардилошкиот завод беа пренамени во ковид центар. На располагање има 30 болнички кревети, а дополнително според потребите се адаптираат и останатите расположливи капацитети за лекување на ковид пациенти. Досега во овој центар се лекувале над 200 пациенти.

„Капцитетот од делот кој е функционален и просторно одвоен за третман на ковид пациентите е 35 бидејќи еден дел од интензивна нега го одвоивме просторот и функционира за ковид позитивните пациенти. Дел од пациентите се со познати кардиоваскуларни заболувања кои имаат ковид или пациенти кои имаат компликации и потешка клиничка слика и бронхопнеумонии кои се третираат во оваа установа“.

Неодамна, поголем број на здравствени работници од оваа установа беа позитивни на ковид 19 , но нивната здравствена состојба се нормализира и се враќаат на своите работни места.

„Кардиолошкиот дел е отворен за приоритетни и ургентните прегледи кои се упатуваат од цел регион. Исто така, и за итни случаи каде е потребен интензивен третман и за акутните инфаркти за кои ние сме центар кој ги згрижува во цел регион“.

Во болницата има доволно располжлив медицински кадар и се трудиме да се организираме најдобро што можеме во интерес на пациентите, вели директорката на болницата д-р Елена Коваческа Башуроска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top