Ознака: Христо

Жителите на охридската населба „Христо Узунов“ на протест поради самоволно поставување на базна станица

Post Views: 0 Во текот на утрешниот ден жителите на населбата „Христо Узунов“ ќе излезат на протест поради самоволно поставување на базна станица на покривот на зградата ламела Бетон Б1 од страна на телеоператор. Тие деновививе се потпишале и на петиција против нелегитимното поставување на базната станица на место кое е опколено со станбени згради и семејни куќи. – Овој процес е сокриен од сите нас во околните станбени згради кои сме директно изложени на електромагнетното зрачење на базната станица. Целта на протестот е да се споделат дополнителните информации во вуска со сегашните...

Continue reading

Неколку месеци тече вода на уличе во населба Христо Узунов кај „Ламели“

Post Views: 7 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Јован Карамач, на кои се гледа насобрана вода која веќе се претворила во бара. Локацијата е во населба Христо Узунов кај „Ламели“. Карамач вели дека не се знае што е точно проблемот, но апелира до надлежните да го санираат што е можно поскоро, бидејќи следуваат денови со уште поинтензивни врнежи од дожд. Веќе неколку месеци тече вода. Дали е пукната цевка или е некој извор, не се гледа, но веќе има направено баричка. Чудно е што досега никој не реагирал за овој проблем – изјави...

Continue reading

Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 8 Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето. Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето. Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои...

Continue reading

Основното училиште „Христо Узунов“ го одбележува патрониот празник

Post Views: 0 Основното училиште „Христо Узунов “ го одбележа патрониот празник и 114 години од херојската смрт на охридскиот војвода. Како што се гордееме со животот и делото на нашиот патрон Узунов така сме горди и на успесите кои ги постигнуваат нашите ученици под раководство на нивните ментори , нашиот наставен кадар, вели по тој повод Оливија Пирузева Јанева директор на ова ОУ. „ Не само во минатата година туку скоро 44 децении , колку што постои нашето училиште. Продолжуваме во континуитет со нашите успеси, пред се со успесите на нашите ученици и наставниците, она што е наша...

Continue reading

ЗАПОЧНАА ПРАЗНУВАЊАТА ВО ЧЕСТ НА ХРИСТО УЗУНОВ

Post Views: 1 Делегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер. На свеченоста беа прогласени и најдобрите ликовни и литературни творби од учениците, на интерниот конкурс од училиштето. Централната прослава по повод патронатот на училиштето ќе се одржи вечерва со почеток во 19 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев“.

Continue reading

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ дружеа со Пушкин преку „Сказна за рибарот и рипката“

Post Views: 0 Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид се одржи средба со ученци од Основното училиште „Христо Узунов“ со што се одбележаа 182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин. Елена Обухова од Рускиот конзулат во Охрид ги запозна ученците со творештвото на познатиот руски класичар Пушкин кое е актуелно и денес. Беше прикажан цртаниот филм „Сказна за рибарот и рипката“ Потоа преку креативна работа учениците навлегоа во содржината на...

Continue reading

Проблем со водоводна цевка во населба Христо Узунов

Post Views: 2 „Ти си твојот град“ е рубрика која ја спроведува Регионалната Телевизија ТВМ, со цел граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да можат да пријават секако вид проблем или да пофалат нешто за кое што мислат дека вреди да се сподели со јавноста во нашиот регион. Денес ни пристигна слика од нашиот сограѓанин Мирослав Трајчески, кој преку „Ти си твојот град“ споделува проблем во населбата Христо Узунов во Охрид. Ова е неговиот коментар: Населба Христо Узунов. Дефект на водоводна цевка, по петти пат на истата – вели Трајчески за „Ти си твојот град“...

Continue reading

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“

Post Views: 1 Mеѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“ ги седна на иста маса научниците од повеќе Балкански држави. Професор Рубин Земон од Институот Евро Балкан напоменува дека продолжуваат со конференциски излагања научници од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија. Со презентација на најновите истражувања во однос на културното наследство, се развиваат релациите и се разменуваат културите, дополнува Земон. „Нашите релации со Турција се од Отоманската империја и перидот од пост Отоманската империја. По Балканските војни има голема миграција...

Continue reading

И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов

Post Views: 13 На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар. „Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните...

Continue reading

Охрид одбележува 140 години од раѓањето на војводата Христо Узунов

Post Views: 8 Охридскиот војвода Христо Узунов е еден од македонските великани чии идеали се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација, од востание на востание се до конституирањето на слободна независна и самостојна Р. Македонија. Денес училиштето кое го носи неговото име, со низа свечености го одбележува патрониот празник, а општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов. „Се поклонуваме пред славниот охридски војвода Христо Узунов и неговото револуционерно дело и чинот и саможртва. Во тешката и...

Continue reading

„Месец на науката 2017“ повторно во знакот на учениците од ОУ Христо Узунов

Post Views: 1 Престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија , повторно достижна и за учениците од ОУ Христо Узунов од Охрид. Матеј Исакоски и Елена Стојоска , двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска , освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата. Денот исполнет со интересни едукативни предавања , креативни работилници и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шестто одделение...

Continue reading

Во населбата Христо Узунов двете зелени оази за пресирање отпад претворени во депонии

Post Views: 2 Околу двете зелени оази во Христо Узунов наменети за пресирање на отпад секојдневно има огромни количини депониран градежен шут, но и разни делови од мебел. Граѓаните кои тука живеат реагираат на грдата слика поврзана со хигиената во населбата и околу контејнерите. „ Од цел град се носи и никога не го интересира да преземе некој мерки или нешто“, вели еден од жителите кој сакаше да зборува на оваа тема. Жителите од населбата ја избегнаа камерата на ТВМ за јавно да прозборат за овој сериозен комунален проблем, но зад објектовот на камерата бараат дислокација на прес контејнерите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top